Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Купопродажба на државни записи и државни обврзници

 

 

Комерцијална банка АД Скопје, како директен учесник на примарниот пазар на државни записи, им овозможува на физичките лица индиректно да учествуваат на аукциите за продажба на:

  • државни записи,
  • државни обврзници.


Од 25.4.2005 година започна да функционира секундарен Пазар на државни хартии од вредност.

За учество на аукцијата на државни хартии од вредност, еден ден пред одржување на аукцијата се доставува барање на пропишан образец до Службата за тргување во земјата на факс (02) 3218-018.

Минималниот износ за учество на аукција изнесува:

  • за државни хартии од вредност 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).


Заинтересираните за купување на наведените хартии од вредност, заради регулирање на правата и обврските при посредување во купување на истите, со Банката склучуваат Договор за посредување кој е составен дел на поединечните барања за купување на државни хартии од вредност.


На денот на одржување на аукцијата на државни записи, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на дисконтираниот износ за купување на записите (номинална вредност намалена за износот на каматата), пресметан врз основа на цената утврдена од каматната стапка по која се купуваат државните записи. На денот на порамнување на аукцијата за државни обврзници, се врши уплата на пресметаниот износ за купување на обврзниците, пресметан врз основа на цената утврдена од стапката на принос по која се купуваат државните обврзници.


Банката пресметува и наплатува надоместок за извршена услуга:

  • во висина од 0.12% од номиналниот износ на секоја поединечна успешна понуда за купување на државни хартии од вредност, минимум 300,00 денари на денот на порамнување на аукцијата.

 

Министерство за финансии од 10.4.2007 г. воведе неконкурентни понуди како нов начин на аукцирање (само за физичките лица), што подразбира купување на ДХВ со аукцирање само со износ, а цената е еднаква на пондерирана (просечна) каматна стапка постигната на соодветната аукција.


Износот за неконкурентни понуди по аукција, Министерството за финансии го дефинира во секој Проспект за ДХВ како процент од износот на ДХВ кој е понуден за продажба на аукцијата.

 

Под поимот „Репо трансакции“ (склучување генерален репо Договор) се подразбира промптна продажба/купување на ДХВ со обврска за нивно повторно купување/продавање.

 

Напомена: се работи за „релативно нов“ пазар кој, иако е целосно покриен со регулативата, сè уште е недоволно активен. За дополнителни и стручни консултации обратете се на наведените лица за контакт, како и на деловите за државни хартии од вредност на веб страниците на Министерството за финансии и на Народната банка на Република Македонија:





Лица за контакт



Емилија Петреска
Телефон: (02) 3168-366
Факс: (02) 3113-228
e-mail: emilija.petreska@kb.com.mk

Александар Георгиевски
Телефон: (02) 3168-363
Факс: (02) 3113-228
e-mail: aleksandar.georgievski@kb.com.mk