• Барање


  • Општи услови



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

SMS банкарство за физички лица

 

 

Услугата SMS банкарство е информациска услуга на Банката, која им овозможува на имателите на платежни картички издадени од страна на Банката, да примаат SMS информации за состојбата и промените по сметките на нивните мобилни телефони. Банката испраќа пораки за промените настанати на сметките на платежните картички, по поединечна трансакција, на мобилниот телефон на корисникот на услугата наведен во барањето за користење на услугата.

Корисник на услугата SMS банкарство може да биде секое физичко лице кое:

  • е корисник на дебитна и/или кредитна картичка;
  • има отворено трансакциска тековна сметка;
  • поседува мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Република Македонија.

 

 

 

Предности при користење на услугата SMS банкарство за физички лица:

  • известувањa во врска со Вашата картичка на било кое место во светот;
  • следење на состојбата на картичката 24 часа во денот, 7 дена во неделата;
  • заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
  • спречување на злоупотреба на картичката;
  • дополнителна безбедност при вршење на трансакции. 

 

 

 

Потребни документи

За добивање и користење на услугата SMS банкарство се потребни следните документи:

 

 

 

Надоместоци за користење

 

За услугата SMS банкарство се наплатуваат следните надоместоци:

 

НАДОМЕСТОЦИ ЗА SMS БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Регистарција за услугата

без надомест

Известување за обновување на картичка

без надомест

Известување за реиздавање на изгубена/украдена картичка

без надомест

Известување за реиздавање на PIN

без надомест

Известување за прилив на сметката на картичката

5 денари

Известување за одлив на сметката на картичката реалзиран на POS терминал или на банкомат

5 денари

 

Сите пораки испратени во текот на месецот ќе бидат наплатени директно од Вашата трансакциска сметка на почетокот на следниот месец.



Лица за контакт



Марија Србиновска, Шеф на Служба за тековни сметки
Телефон: (02) 3120-108
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Шеф на Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3220-968
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk