• Експозитури и филијали


  • Брошура



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Траен налог за физички лица

 

 

Сопственикот на трансакциската тековна сметка може да отвори траен налог со кој ќе ја овласти Банката, во негово име и од средствата на неговата транскациска сметка, без надомест да врши плаќања на редовните трошоци за домаќинство (сметки за вода, електрична енергија, парно греење, фиксна и мобилна телефонија, Интернет и кабелска телевизија), пренос на друга трансакциска сметка, на денарска штедна книшка во Банката, како и отплата на кредити издадени од Банката.

 

Сопственикот на сметката може да отвори и траен налог за пренос на средства од неговата трансакциска тековна сметка на која било друга сметка во Банката или во други деловни банки, со надомест согласно тековната тарифа за извршување на плаќања на шалтерите на Банката.
 

Банката отвора сметки на слепи лица. Отворање сметка на слепо лице се врши пред двајца сведоци. Притоа, потребно е еден од сведоците да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на Договорот и Општите услови за отворање и работа со трансакциска тековна сметка. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ги потврдува со потпишување Изјава со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа и се потпишуваат. На клиентот му се издава потписен картон за трансакциска тековна сметка на која е депониран потпис со факсимил, кој клиентот ќе го користи и во иднина при вршење трансакции на сметката.

Услугата отворање на трансакциска тековна сметка за слепо лице може да се добие само во централата на Банката во Скопје како и во филијалите низ градовите во Републиката.

 

Изјава за отворање траен налог за слепо лице

 
Со траен налог можете да ја плаќате и радиодифузната такса за минимален надомест од 2 денари (по налог).

 

Сè што треба да направите е да дојдете во една од поголемите експозитури со одговорен работник и филијалите на Банката со последната платена сметка и документ за идентификација и да го потпишете трајниот налог.



Лице за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk