• Експозитури и филијали


  • Конвертор на валути



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Менувачко работење


Согласно Одлуката за менувачки работи (Сл. весник 31/2009), купувањето ефективни странски пари и чекови кои гласат во странска валута, од странски и домашни физички лица, како и продавањето ефективни странски пари на домашни физички лица и на странски физички лица врз основа на реоткуп, се врши во сите експозитури и филијали на Банката.

За вршење на менувачки работи физичкото лице, државјанин на Република Македонија, треба да приложи документ за идентификација (лична карта или патна исправа), додека странското физичко лице треба да приложи патна исправа како документ за идентификација. 

Банката врши купопродажба на девизни средства за денари и интервалутарна конверзија на:

  • странски платежни средства (девизи)
  • ефективни странски пари (ефектива)

За извршената менувачка работа Комерцијална банка не наплатува провизија и на лицето му издава потврда.

Ново: МОЖНОСТ ЗА КОТИРАЊЕ НА КУРСЕВИ (консултации на тел. 3247-410)




Дирекција за тргување со финансиски инструменти

Телефон: (02) 3247–410