• Експозитури и филијали



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Уплата за визи

 

Уплата за визи за Амбасадата на САД

 

Почнувајќи од 3.12.2012 година започнува нов начин на уплата за американска виза на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје.

 

Уплатите за американска виза во Република Македонија ќе се вршат на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје само со готови пари.

 

Клиентите кои аплицираат за виза за САД истото може да го сторат со најава на веб-страницата за таа намена http://MACEDONIA.usvisa-info.com.

 

По најавата на веб-страницата и пополнување на бараните податоци за аплицирање за американска виза, доколку клиентот одбере дека административната такса ќе ја плати во готово, печати Уплатница CSC конзуларни услуги административна такса за виза за САД во два примерока.

 

Со испечатената уплатница клиентот треба да се обрати на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје за да се изврши уплатата. Уплатата се врши во денари, за што клиентот добива потврда за извршена уплата.

 

По истекот на најмалку два работни дена од извршената уплата, клиентот повторно се најавува на истата веб-страница на која внесува дел од податоците од уплатницата која ќе ја добие на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје и потоа добива термин за интервју во Амбасадата. Целокупната комуникација со клиентот се одвива преку наведената веб-страница.

 

Уплати за визи за други земји

 

 

Во Комерцијална банка АД Скопје можете да уплатите за виза за следните земји:

  • Украина;
  • Унгарија;
  • Црна Гора и
  • Босна и Херцеговина.

 

Уплата за виза за Украина, Унгарија и за Босна и Херцеговина може да извршите на кој било благајнички шалтер во експозитурите и филијалите на Банката, додека, пак, уплатата за виза за Црна Гора е достапна само во Централата на Банката.

 

Износот на уплатите за визи се определува врз основа на тарифите одредени за видот на визата, специфични за секоја земја поединечно.


 



Лица за контакт



Билјана Боцева, Раководител на одделение за оперативно работење
Телефон: (02) 3168-912
e-mail: biljana.boceva@kb.com.mk

Билјана Адамческа, Главен координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk