• Експозитури и филијали



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Каско-осигурување на моторни возила – UNIQA

 

Во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите експозитури и филијали на

Комерцијална банка низ Републиката можете да подигнете полиса за каско-осигурување на моторно возило.

               

 

Со оваа полиса го осигурувате Вашето возило од:

 

  • сообраќајна незгода;
  • кражба;
  • осигурување на патници од незгода (траен инвалидитет или смрт) – со доплата и
  • останати случаи предвидени со Општите услови за осигурување на UNIQA.

 

 

Потребна документација:

 

  • лична карта;
  • профактура/фактура за купено возило или сообраќајна книшка. 

 

 

Начин на плаќање:

 

  • еднократно  -  на шалтер на Банката, со пренос на средства од трансакциската сметка на договарачот на осигурувањето на сметката на UNIQA;
  • на 6 еднакви месечни рати – со траен налог од трансакциската сметка на договарачот на осигурувањето, отворена во Комерцијална банка.

 

За подетални информации можете да ја посетите веб страницата на UNIQA АД http://www.uniqa.mk .



Лица за контакт



Билјана Адамческа, Советник на Директор
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk

Билјана Боцева, Шеф на Служба за оперативно работење
Телефон: (02) 3168-912
e-mail: biljana.boceva@kb.com.mk