• Експозитури и филијали



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Осигурителни полиси преку Еуролинк осигурување

 

 

 

 

 

Домаќинско осигурување (Доми и Доми Плус)

 

 

Каде се подига

  • полисите за домаќинско осигурување може да ги добиете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.

 

 

Потребна документација

  • пополнета апликација за осигурување.

 

 

Начин на плаќање

  • во готово,
  • на 6 месечни рати со траен налог од трансакциска тековна сметка отворена во Банката.

 

 

Што се осигурува

 

А. Доми станбено осигурување

  • осигурување само на градежниот дел од домот (без покуќнина),
  • осигурување само од основните ризици: пожар и некои други опасности,
  • основен пакет (пониска цена) – најчесто за винкулација (кредит),
  • ако се уништи градежниот дел се плаќа толку колку што е потребно да се изгради повторно ист таков станбен објект (градежна вредност).

 

Б. Доми Плус станбено осигурување

  • осигурување на градежниот дел и покуќнината од домот (целиот дом со предметите во него: мебел, техничка опрема, уметнички слики и слично),
  • осигурување од проширен пакет на ризици: пожар и некои други опасности, кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување),
  • проширен пакет (повисоки цени) – за комплетно (вистинско) покритие и за винкулација,
  • ако се уништи градежниот дел се плаќа толку колку што е потребно да се изгради повторно ист таков станбен објект (градежна вредност),
  • ако се уништи покуќнината се плаќа толку колку што е потребно таа да се обнови.

 

^ На врвот



Каско-осигурување на моторни возила

 

 

Каде се подига

  • полисата за каско-осигурување може да ја подигнете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.

 

 

Начин на плаќање

  • на шалтер на Банката со пренос на средства од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето на сметката на Еуролинк Осигурување АД,
  • на 6 месечни рати со траен налог од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето отворена во Банката.

 

 

Потребна документација

  • пополнета апликација за каско-осигурување,
  • профактура / фактура за купено моторно возило или сообраќајна книшка,
  • лична карта за идентификација.

 

 

Што се осигурува

 

Со каско-осигурување на моторното возило го осигурувате Вашето возило од:

  • сообраќајна незгода,
  • кражба,
  • осигурување на патници (траен инвалидитет или смрт) – со доплата,
  • останати случаи предвидени со Општите услови за осигурување на Еуролинк осигурување АД.

 

^ На врвот

 

 

 

Патничко осигурување

 

Каде се подига

  • Полисата за патничко осигурување може да ја подигнете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.

 

 

Начин на плаќање

  • На шалтер на Банката со пренос на средства од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето на сметката на Еуролинк Осигурување АД.

 

 

Потребна документација

  • пополнета апликација за патничко осигурување,
  • копија од пасош.

 

 

Што се осигура

Со патничкото осигурување се обезбедува помош и осигурителни услуги кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство:

  • здраствена помош и осигурување,
  • помош при патување и осигурување,
  • осигурување од незгода,
  • осигурување од спортска незгода (со доплата на премија).

 

^ На врвот



Лица за контакт



Билјана Адамческа, Главен координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk

Билјана Боцева, Раководител на одделение за оперативно работење
Телефон: (02) 3168-912
e-mail: biljana.boceva@kb.com.mk