Осигурителни полиси преку Еуролинк осигурување
Домаќинско осигурување (Доми и Доми Плус)
Каде се подига
- полисите за домаќинско осигурување може да ги добиете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.
Потребна документација
- пополнета апликација за осигурување.
Начин на плаќање
- во готово,
- на 6 месечни рати со траен налог од трансакциска тековна сметка отворена во Банката.
Што се осигурува
А. Доми станбено осигурување
- осигурување само на градежниот дел од домот (без покуќнина),
- осигурување само од основните ризици: пожар и некои други опасности,
- основен пакет (пониска цена) – најчесто за винкулација (кредит),
- ако се уништи градежниот дел се плаќа толку колку што е потребно да се изгради повторно ист таков станбен објект (градежна вредност).
Б. Доми Плус станбено осигурување
- осигурување на градежниот дел и покуќнината од домот (целиот дом со предметите во него: мебел, техничка опрема, уметнички слики и слично),
- осигурување од проширен пакет на ризици: пожар и некои други опасности, кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување),
- проширен пакет (повисоки цени) – за комплетно (вистинско) покритие и за винкулација,
- ако се уништи градежниот дел се плаќа толку колку што е потребно да се изгради повторно ист таков станбен објект (градежна вредност),
- ако се уништи покуќнината се плаќа толку колку што е потребно таа да се обнови.
^ На врвот
Каско-осигурување на моторни возила
Каде се подига
- полисата за каско-осигурување може да ја подигнете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.
Начин на плаќање
- на шалтер на Банката со пренос на средства од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето на сметката на Еуролинк Осигурување АД,
- на 6 месечни рати со траен налог од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето отворена во Банката.
Потребна документација
- пополнета апликација за каско-осигурување,
- профактура / фактура за купено моторно возило или сообраќајна книшка,
- лична карта за идентификација.
Што се осигурува
Со каско-осигурување на моторното возило го осигурувате Вашето возило од:
- сообраќајна незгода,
- кражба,
- осигурување на патници (траен инвалидитет или смрт) – со доплата,
- останати случаи предвидени со Општите услови за осигурување на Еуролинк осигурување АД.
^ На врвот
Патничко осигурување
Каде се подига
- Полисата за патничко осигурување може да ја подигнете на шалтерите на Банката во поголемите експозитури во Скопје, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.
Начин на плаќање
- На шалтер на Банката со пренос на средства од трансакциската тековна сметка на Договорувачот на осигурувањето на сметката на Еуролинк Осигурување АД.
Потребна документација
- пополнета апликација за патничко осигурување,
- копија од пасош.
Што се осигура
Со патничкото осигурување се обезбедува помош и осигурителни услуги кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство:
- здраствена помош и осигурување,
- помош при патување и осигурување,
- осигурување од незгода,
- осигурување од спортска незгода (со доплата на премија).
^ На врвот
Лица за контакт
Билјана Адамческа, Советник на ДиректорТелефон: (02) 3107–403e-mail: Билјана Боцева, Шеф на Служба за оперативно работењеТелефон: (02) 3107-406e-mail: