• Интернет банка


  • Водич за Интернет банка


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање


  • Формулари


  • Интернет банка за физички лица - демо



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Интернет Банка за физички лица



Услугата Интернет банка за физички лица е современо техничко решение со кое се прилагодуваме кон Вашите потреби и ги доближуваме нашите услуги до Вас. Преку користењето на услугата Интернет банка, добивате можност широкиот спектар банкарски услуги да ги користите онаму каде Вам Ви се потребни, на било кое место, во било кое време, 24 часа на ден, целосно независно од работното време на Банката.

Интернет банка e услуга со која, без да одите на шалтерите на Банката, Ви е овозможено:

  • брзо и ефикасно извршување на дигитално потпишани финансиски трансакции;
  • едноставност за користење – Водич за Интернет банка;
  • максимална безбедност и заштита – правила за работење;
  • плаќање на јавни услуги и вршење на други денарски плаќања во земјата;
  • купопродажба на девизи (безготовински);
  • пренос на средства на орочен штеден влог и штеден влог по видување и тоа: на веќе отворени девизни штедни книшки на Корисникот и на веќе отворени денарски штедни книшки за кои Корисникот има овластување за увид;
  • увид во состојбата и дневните промени на Вашите денарски и девизни сметки, штедни влогови, платежни картички и кредитни партии;
  • увид во состoјба и подигање на изводи за деловните MasterCard® и Visa картички;
  • подигање на изводи за денарски и девизни сметки и платежни картички.


Сè што Ви е потребно е:
  • персонален компјутер и
  • интернет пристап.

Пополнетото Барање за користење на услугата заедно со потребната дополнителна документација можете да го доставите во една од поголемите експозитури со одговорен работник или филијала на Банката.

Банката овозможува користење на услугите на интернет банкарство и за слепи лица. Доделувањето претплати за користење на услугите на електронско банкарство на слепо лице се врши пред двајца сведоци. Притоа, потребно е еден од сведоците да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на Барањето, Договорот и Општите услови за користење на услугите на електронско банкарство за физички лица преку Интернет банката. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ја потврдува со потпишување Изјава со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа.

Услугата интернет банкарство за слепо лице може да се добие само во поголемите експозитури со одговорен работник и филијалите на Банката.


Изјава за користење Интернет банка за слепо лице

Информации за користењето на услугата, како и за пополнување на формуларите и барањата за Интернет банка  може да добиете на следниот телефонски број:
  • (02) 3168-136


Телефони за закажување термин за реиздавање на дигитални сертификати:

  • (02) 3168-177


За помош, технички проблеми, прашања и поддршка обратете се:
  • во контакт–центарот на (02) 3296 800, од 08:00 до 19:00 часот или
  • на e-mail адресата: support@kb.com.mk.


Надоместоци за користење на услугата

 

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Издавање листа на кодови со еднократна употреба

без надомест

Издавање дигитален сертификат УСБ токен
  • прво издавање

1.500 денари

  • реиздавање секоја трета година 

500 денари

  • деблокирање

500 денари

  • прво издавање на дигитален сертификат на сопствен УСБ токен

300 денари

ТРАНСАКЦИИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ БАНКА

Безготовински плаќања преку интерен клиринг:

4 денари по поединечен налог

Безготовински плаќања преку КИБС:

 

- налог до 10.000 денари

13 денари по поединечен налог

- налог над 10.000 денари

18 денари по поединечен налог

Безготовински плаќања преку МИПС

100 денари по поединечен налог

Безготовински (вирмански) плаќања од трансакциски тековни сметки на физички лица во корист на правни лица со кои Банката има склучено договор за регулирање на меѓусебните односи

на терет на правното лице по договор

Безготовински (вирмански) плаќања од трансакциски тековни сметки на физички лица во корист на сметки на физички лица во Банката:

 

- од сопствена сметка во корист на: сопствена сметка, туѓа сметка или хуманитарна сметка

Без надомест



Лице за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk