• Општи услови


  • Видео упатство за телефон


  • Видео упатство за таблет


  • Водич за мобилно банкарство



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Мобилна апликација мБанка


 

Преземете ја бесплатната мобилна апликација мБанка на Комерцијална банка АД Скопје на Вашиот smart телефон или таблет и имајте виртуелна експозитура секогаш и секаде со Вас.

 

 

мБанка за физички лица на app store мБанка за физички лица на app store

 

Што е мБанка?

 

мБанка е бесплатна апликација за мобилни телефони и таблети, преку која е овозможен лесен и безбеден пристап до голем дел од услугите за физички лица на Комерцијална банка.

 

Со нејзиното користење ќе имате постојан увид во Вашите сметки, штедни влогови или картички, ќе можете едноставно и безбедно да вршите трансфери на средства и да ги дознаете сите информации поврзани со производите и услугите за население. Сѐ што е потребно е да имате мобилен телефон или таблет и интернет врска.

 

Апликацијата мБанка Ви овозможува:

  • увид во состојбата и прометот на трансакциските сметки (денарски и девизни)
  • увид во состојбата и прометот на кредитните картички
  • увид во состојбата и прометот на штедните влогови (денарски и девизни)
  • увид во состојбата на одобрени кредити
  • плаќање сметки и трансфер на средства од денарска трансакциска сметка кон други сметки, без трошоци или со над 60% пониски надоместоци отколку на шалтер
  • промена на дневните и месечните лимити на дебитни и кредитни картички
  • бесплатни известувања за приливите и одливите од трансакциските сметки и картички
  • наоѓање најблизок банкомат или експозитура, како и патека до истите
  • информации за девизни курсеви
  • кредитен калкулатор, штеден калкулатор и калкулатор за купопродажба на девизи
  • информации и новини за производите и услугите на Банката наменети за физички лица
  • можност за проба со опцијата демо корисник и др.

 

 

Како се користи мБанка?

 

Апликацијата се презема бесплатно од App Store (со iOS верзија 6 или понова) и Google Play (со Android верзија 2.3.3 или понова). За нејзино користење Ви е потребна интернет врска.

 

Доколку сте постоечки корисник на Интернет банката на Комерцијална банка, можете веднаш да го регистрирате го Вашиот мобилен уред (се прави еднаш и без потреба од одење во Банката и склучување нов договор) и да започнете да ги користите сите функционалности на апликацијата. Ова значи дека ќе имате увид во Вашите сметки и картички, ќе можете да вршите трансакции од Вашата сметка, а ќе имате и пристап до сите информации за производите и услугите на Комерцијална банка.

 

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте корисник на Интернет банката. Во таков случај, во секое време ќе можете да ги користите јавно достапните информации за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблискиот банкомат или експозитура на Комерцијална банка, да ги дознаете актуелните девизни курсеви итн. За да го испробате пристапот до услугите за увид во состојбата на сметките и вршење плаќања и трансфери, ќе можете да го употребите демо корисникот и да се уверите во едноставноста и корисноста на овој дел од апликацијата.

 

За полесна најава и користење можете да го консултирате упатството кое се наоѓа подолу на оваа страница, додека сите детали во врска со користењето на апликацијата се наведени во Општите услови.

 

 

Спој на сигурност и едноставност

 

Мобилната апликација мБанка користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно користење на банкарските услуги и највисоко ниво на сигурност за клиентите.

 

Преку мБанка пристапот до состојбата и прометот на Вашите сметки, како и вршењето на плаќањата и трансферите, ќе го изведувате со PIN избран од Ваша страна. Тоа значи дека веќе нема да има потреба да внесувате корисничко име и лозинка и дополнително да морате да го носите Вашиот сигурносен токен или кодови за една употреба.

 

За што поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет. Истите можете самите да ги промените согласно Вашите потреби.

 

Во моментов, оваа апликација е единствена во нашата земја која нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети, сѐ со цел на оптимален начин да ја користите површината на екранот и да Ви биде поедноставена навигацијата и пристапот до услугите.

 

 

Регистрација на Вашиот уред за следење на сметките

 

Доколку сакате да ги следите состојбата, прометот и резервираните средства на Вашите сметки, потребно е да ги извршите следните 5 чекори за успешна регистрација на Вашиот мобилен уред:

  1. При првата најава во мБанка од Вашиот мобилен телефон или таблет, идентификувајте се со Вашето постоечко корисничко име и лозинка, со кои се најавувате на Интернет банката преку компјутер.
  2. По успешната најава, на екранот од мобилниот телефон или таблетот ќе Ви биде прикажан поглед на вградениот дигитален фотоапарат. Со него, ќе треба да го скенирате QR кодот наведен во чекорот број 4.
  3. Најавете се во Интернет банката (https://www.banka.com.mk/) преку персонален компјутер и во делот „Моите уреди“ означете го Вашиот мобилен уред и кликнете на копчето „Активирај уред“.
  4. Прикажаниот QR код скенирајте го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во Вашиот уред.
  5. Изберете шестцифрен PIN за најава во мБанка и потврдете го.

 


Регистрација на Вашиот уред за вршење трансакции

 

Вршењето трансакции преку мБанка е едноставно, безбедно и со намалени надоместоци.

Доколку сакате да вршите трансакции, потребно е да ги направите следните чекори за регистрација на Вашиот мобилен уред:

 

  1. Потребно е за дадената трансакциска сметка да имате овластување за вршење трансакции преку Интернет банката.
  2. Потребно е да поседувате валидна листа на кодови (бесплатна опција) или токен со дигитален сертификат за вршење трансфери во Интернет банката.
  3. Најавете се во Интернет банката и во делот „Mоите уреди“ изберете го Вашиот уред и кликнете на копчето „Овозможи трансакции и промени лимити“.
  4. Поставете дневни и месечни лимити за ПП30 за избраниот уред по Ваш избор или прифатете ги максималните дозволени вредности определени од Банката.
  5. Потврдете го Вашиот избор со листата на кодови или токенот кој Ви е на располагање.
  6. Најавете се повторно од Вашиот мобилен уред по што можете да почнете да ја користите оваа услуга.

 


Доколку Ви е потребна помош погледнете ги видео упатствата за регистрација на Вашиот мобилен телефон или таблет.

 

Каде и да сте, отсега Вашата Интернет банка верно ќе Ве следи.

 

Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка:

тел: (02) 3296-800 
(пон. – пет.: 08:00 - 19:00, сабота 08:00 - 15:00)
E-mail: support@kb.com.mk