Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Основни информации за платниот промет преку Комерцијална банка АД Скопје



Платниот промет на Комерцијална банка АД Скопје претставува секојдневна посветеност кон успешно реализирање на платните трансакции на нашите клиенти. Преку беспрекорната прецизност, ажурност и висока професионалност на нашите кадри, настојуваме постојано да придонесуваме кон успехот на нашите компании и да ја следиме традицијата на верен партнер на македонското стопанство.

Комерцијална банка АД Скопје е банка со најголем број отворени сметки во банкарскиот систем на Република Македонија. Платниот промет за своите клиенти Банката го спроведува преку својата широка мрежа на филијали и експозитури низ Републиката, користејќи ги воспоставените кореспондентски односи со преку 600 банки во 23 земји и контокорентски односи со 55 банки во светот.

Отворањето на денарска и девизна сметка во Комерцијална банка АД Скопје е брзо и едноставно. При формирањето на сметката се почитуваат финансиските барања на клиентот и притоа е овозможено едноставно работење и управување со неа.

Доколку имате сметка во Комерцијална банка АД Скопје, можете лесно да:

  • вршите безготовински и готовински трансакции;
  • пренесувате средства со трајни налози;
  • имате целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • доставувате налози со идна валута на извршување;
  • работите со картички;
  • имате 24-часовен пристап до Вашата сметка преку услугата Интернет банка;
  • добиете услуги по најконкурентни цени.

Трансакциите во платниот промет преку Банката се вршат прецизно и експедитивно. Инструментите за плаќање можете да ги доставувате за обработка во Банката на еден од следните начини:

  • на шалтерите во Банката во хартиена форма или на електронски медиум (дискови, usb мемории, дискети);
  • преку употреба на услугата Интернет банка.

Со цел да обезбедиме нашите комитенти да добијат врвна услуга, создадовме уникатно програмско решение за извршување на платниот промет кое е засновано на најсовремени компјутерски и телекомуникациски решенија. Покрај тоа, нашите служби стојат на располагање за брз прием и обработка на Вашите налози доставени на шалтерите на Банката.

Лица за контакт



Билјана Митевска, м-р, Директор на самостојна дирекција за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168–901
e-mail: Biljana.Mitevska@kb.com.mk

Билјана Адамческа, Главен координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk

Вангелија Кочковска, Раководител на одделение за отварање на трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168–914
e-mail: Vangelija.Kockovska@kb.com.mk

Фани Арсовска, Раководител на одделение за позадинско работење
Телефон: (02) 3168–927
e-mail: Fanka.Arsovska@kb.com.mk