• Надоместоци за користење


  • Експозитури и филијали


  • Брошура


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарски сметки за правни лица



Отворање на сметка за правни лица


Со отворањето на сметка во Комерцијална банка АД Скопје, Вие како правен субјект добивате пристап до широк дијапазон на професионални финансиски услуги кои ќе Ви овозможат континуирано висококвалитетно работење. Нашата банка посветува посебно внимание на работата со правните лица, постојано нудејќи можност за советување и професионална консултација, со цел клиентите да имаат постојана поддршка во секојдневното работење.

Со отворањето на сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:
  • вршење на безготовински и готовински трансакции;
  • целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • доставување на налози со идна валута на извршување;
  • SMS, Факс, IVR, Е-mail – правни лица;
  • работење со деловни картички;
  • 24-часовен пристап до Вашата сметка преку услугата Интернет банка;
  • пристап до услугите по најниски надоместоци.

За да отворите денарска сметка за правни лица потребно е да ги пополните следните формулари:

 Барање за отворање на трансакциска сметка
 Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата
 Потписни картони
  Апликација / Барање за регистрирање на клиент - правно лице
  Потписни картони (ИД картичка)


Наведените формулари е потребно да ги доставите пополнети во Централата на Банката во Скопје во Службата да отворање на сметки или во една од нашите експозитури и филијали низ Републиката со шалтери наменети за работа со правни лица. При отворањето на Вашата денарска сметка се почитуваат Вашите финансиски барања и притоа се става акцент на едноставното работење и управување со неа.

Отворањето и водењето на денарската сметка за резиденти Банката го врши во согласност со општите услови за отворање и работење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата.


Работење со сметка за правни лица


За да пријавите статусна промена на правниот субјект (промена на управител, промена на назив и сл.) потребно е да ги пополните следните формулари:

 Барање за статусни промени
 Анекс кон Договорот за отварање и водење на сметка за вршење на платен промет во земјата

Во тековното работење со Вашата сметка ќе Ви бидат потребни следните формулари:

 height= Повеќенаменско барање
 Барањеза препис на налог за физичко лице
 Барање за препис на налог за правно лице
 Барање за пренос на основачки влог

Лица за контакт



Вангелија Кочковска, Раководител на одделение за отварање на трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168–914
e-mail: Vangelija.Kockovska@kb.com.mk

Горан Јакимовски, Координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168-907
e-mail: Goran.Jakimovski@kb.com.mk