• Експозитури и филијали


  • Брошура



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Девизни сметки за правни лица


Со отворање девизна трансациска сметка во Комерцијална банка АД Скопје, имателот на сметката може да врши наплати од странство, плаќања во странство и други активности од платниот промет со странство, како и да ги користи услугите поврзани со документарното работење, девизните гаранции и сл., согласно законските и подзаконските прописи кои го регулираат девизното работење.

Девизните сметки во Комерцијална банка АД Скопје се приспособени на потребите на клиентите и нудат можност за користење на сите финансиски услуги кои Банката ги нуди во работењето со девизни средства. Одберете ја девизната сметка согласно статусот на Вашето правно лице.

Резиденти се домашни правни лица со седиште во Република Македонија, подружници на странски правни друштва запишани во трговскиот регистар во Република Македонија и јавни претпријатија кои самостојно се финансираат, како и непрофитни институции кои третман на правно лице добиваат по други закони освен по Законот за трговски друштва. Резидентите може да отворат само една девизна сметка кај една деловна банка.

Нерезидентна сметка во Банката може да отвори секое правно лице регистрирано во странство, како и дипломатските претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република Македонија. Правното лице - нерезидент во Банката може да отвори само една сметка.

Согласно законот за девизно работење, правното лице кое отвора нерезидентна сметка не смее да има статус на резидент. Претставништвата на домашните правни лица во странство имаат статус на резиденти. Подружниците на домашните правни лица регистирани во странство имаат статус на нерезидент.