• Брошура


  • Експозитури и филијали



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Што треба да знаете за платниот промет во земјата



Платниот промет во земјата го сочинуваат сите плаќања во денари кои ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите во платниот промет.

Носители на платниот промет се: Народната банка на Република Македонија, банките кои добиле дозвола за вршење на платен промет и Трезорот при Министерство за финансии.

Учесник во платниот промет може да биде секое домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице кое врши плаќања во денари преку носителите на платниот промет.

Платниот систем во Република Македонија нуди ефикасност, функционалност и транспарентност во начинот на изведување на финансиските трансакции и зближување на правните лица со нивните банки. Платниот систем се потпира на трите потсистеми за порамнување, и тоа:

  • На врвот на пирамидата е системот на НБРМ наречен МИПС, преку кој се извршуваат меѓубанкарските плаќања на големи износи (над 1 милион денари) и секоја индивидуална трансакција се порамнува во реално време преку сметките на банките кај НБРМ, поради што овој вид на плаќање е поскап и се користи за плаќања на поголеми износи и за итни плаќања.

  • Вториот систем за порамнување е Клириншката куќа кој е наменет за извршување на кредитните платни налози на мали износи (до 1 милион денари), кои се испраќаат во пакети, а порамнувањето се врши по мултилатерален нето принцип. Порамнувањето на нето позициите на банките се врши на крајот на работниот ден во системот на НБРМ, заради што преку овој систем се извршуваат мали и неитни налози. Средствата процесирани преку овој систем налогопримачот може да ги користи по завршување на порамнувањето.

  • За извршување на плаќањата помеѓу субјекти депоненти во иста деловна банка, се користи системот за интерни плаќања на Банката. Овие плаќања се најевтини и се извршуваат во моментот на обработката на налогот за плаќање. Колку е поголем бројот на иматели на сметки во една банка толку е поголема можноста да се користи овој систем на плаќања.

Во новиот платен систем правните лица можат да имаат повеќе сметки кај една банка и сметки кај повеќе банки. Колку сметки ќе отвори правното лице е важна деловна одлука, чии последици се одразуваат не само врз висината на трошоците на платниот промет туку и врз прегледноста и ликвидноста на работењето.

За сите отворени сметки кај банките во Клириншката куќа се води Единствен регистар на иматели на сметки, во кој сите банки се должни да ги доставуваат податоците од својот регистар на иматели на сметки.

Платни инструменти кои најчесто се користат во платниот промет во земјата, пропишани со „Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата“ ( Сл. Весник на РМ 43/2001 и 103/2001 ), се:

 Уплатница (образец ПП10);
 Налог за исплата на готовина (образец ПП40);
 Налог за пренос (образец ПП30);
 Налог за плаќање на јавни приходи (образец ПП50);
 Збирен налог за исплата на цела плата (образец ПП53)

При вршењето на платниот промет во земјата, ќе Ви бидат потребни и следните информации:



Лице за контакт



Билјана Адамческа, Советник на Директор
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk