Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Каматни стапки на денарска сметка



 

Почитувани,

Почнувајќи од 01.07.2017 година Банката нема да исплаќа камата на позитивното салдо на трансакциски сметки. 
 

Трансакциските сметки според меѓународните стандарди, служат за извршување на плаќања и Банката средствата на тие сметки во целост Ви ги става на располагање. Тоа не се депозитни сметки на кои се депонираат средства за одредена камата.

Поради овие стандарди, Банката одлучи на средствата кои ги имате на располагање 24 часа да не пресметува камата. Ваквата одлука е резултат на актуелните трендови на меѓународните финансиски пазари каде Банката за средствата на сметките во странските банки плаќа надомест во вид на негативна камата.

 

Истовремено, Ве информираме дека Банката нуди можност доколку имате слободни средства да ги депонирате преку ноќ, или на различни рочности според Вашите потреби. На тие средства Банката ќе Ви пресметува и исплаќа соодветна камата.

Подетално околу овие услови може да се запознаете на нашиот сајт.