• Брошура


  • Потребни документи


  • Процедура за одобрување



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредитна линија од ЕИБ реализирана преку МБПР за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти во износ од 100.000.000,00 евра



Кредитот од програмата за кредитирање на развојот на мали и средни претпријатија е наменет за сите мали и средни претпријатија од производниот и производно-услужниот сектор.

ПРОИЗВОД 1

Име на производот МСП инвестициони кредити од ЕИБ
Намена
(поддршка на идентификувани проекти)
купување на материјални средства
  • недвижности (освен земјиште)
  • опрема
  • обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот)
инвестиции во нематеријални средства развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој
Кредитни услови валута на кредитот во ЕУР
износ на поединечен кредит

до 3.500.000 ЕУР

рок на отплата до 7 години
грејс период до 2 години
начин на отплата квартална
Каматна стапка
  • 5,5% годишно  
Провизии 1.5% еднократно пред користење на кредитот
Можност за рефинансирање инвестиција која е завршена не повеќе од 6 месеци од датумот на поднесување на барањето



ПРОИЗВОД 2

Име на производот МСП кредити за трајни обртни средства од ЕИБ
Намена за обртен капитал во услови на експанзија на бизнис активностите на компанијата
Кредитни услови валута на кредитот во ЕУР
износ на поединечен кредит

до 666.700 ЕУР

рок на отплата од 2 до 3 години
грејс период до 6 месеци
начин на отплата квартална
Каматна стапка
  • 5,5% годишно  
Провизии 1% еднократно пред користење на кредитот



ПРОИЗВОД 3

Име на производот Приоритетни проекти
Намена Финансиска поддршка на проекти поднесени од крајни корисници од било која големина или сопственост кои дејствуваат во областа на енергијата, екологијата, индустријата, здравството, образованието, услугите и туризмот
Кредитни услови валута на кредитот во ЕУР
износ на поединечен кредит до 12.000.000 ЕУР
рок на отплата до 7 години
грејс период до 36 месеци
начин на отплата квартална
Каматна стапка
  • 5,5% годишно  
Провизии 1% еднократно пред користење на кредитот




ОПШТИ УСЛОВИ

 

Прифатливи корисници Сите мали и средни друштва кои не надминуваат 250 вработени, освен за приоритетни проекти каде што се прифатливи друштва од секоја големина
Забрани и исклучувања
(проекти кои не се финансираат)
  • производство на оружје и муниција, борбени средства, воена и полициска опрема или инфраструктура и опрема или инфраструктура која ги ограничува индивидуалните човекови права и слободи (т.е. затвор или центри за задржување од било каква форма)
  • коцкарници, игри на среќа и друг вид на поврзана опрема 
  • производство, обработка и дистрибуција на тутун 
  • активности кои вклучуваат живи животни за експериментални и научни цели 
  • активности кои поттикнуваат негативни влијанија врз животната средина 
  • сектори кои етички или морално се сметаат за контроверзни (на пример: истражување во врска со клонирање на човек)
  • развој на активностите со недвижнини 
  • проекти со пресметковна вредност поголема од 25.000.000 ЕУР
  • останати проекти согласно политиката на ЕИБ и Комерцијална банка за исклучени и забранети дејности регулирани во меѓусебниот договор за кредитната линија
Обезбедување за обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.)
Рок на користење на кредитот во рок од 2 месеци од датумот на одобрување на истиот
Провизија за предвремено враќање на кредитот 3% од износот којшто се враќа пред рокот на достасување


Лица за контакт



Илија Мирчевски, Главен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-504
Факс: (02) 3247-468
e-mail: ilija.mircevski@kb.com.mk

Елена Спировска, Директор на Дирекција за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Телефон: (02) 3168-509
e-mail: elena.spirovska@kb.com.mk

Ивона Донева, Директор на дирекција за девизни кредити и девизни гаранции
Телефон: (02) 3168-619; (075) 421-026
Факс: (02) 3220 981
e-mail: ivona.doneva@kb.com.mk