Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Проект кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отварање на нови работни места, од средства на Агенција за вработување на РМ, а со посредство на МБПР



Прифатливи корисници

Со Одлука на Управниот одбор на Проектот (формиран со Одлука на Влада на РМ од 25.02.2008 год.) им е одобрен кредит и кои ги исполнуваат следните услови:

  • кои се регистрирани најмалку 1 година, пред денот на објавувањето на јавниот оглас
  • кои имааат најмалку 1 вработено лице минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас
  • кои не го намалиле бројот на вработени во последните  6 месеци, пред денот на објавување на јавниот оглас
  • кои сакаат да вработат невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија без оглед на времетраењето на невработеноста, односно лица со статус 200-евидентирани невработени лица активни баратели на работа кои се на евиденција најмалку 1 ден пред објавувањето на јавниот оглас, но кои не биле во работен однос најмалку 3 месеци до денот на објавувањето на јавниот оглас
Намена
  • Вработување на невработени лица преку кредитирање
Кредитни услови максимален износ
  • За секое новоотворено работно место по 3.000 ЕВРА со максимален износ  до 9.000 ЕВРА за 3 (три) новоотворени работни места
  • кредитокорисници кои ќе вработат невработени млади лица до 29 години, може да им се одобри за секое вработување дополнителен износ од 1.000 ЕВРА на основниот износ од 3.000 ЕВРА, со најмногу три новоотворени работни места на еден јавен оглас односно до 12.000 ЕВРА
рок на отплата
  • до 3 години
грејс период
  • до 1 година
начин на отплата
  • Наплатата на главнината ќе се врши полугодишно, а на каматата квартално
Каматна стапка
  • 1% (фиксна) на годишно ниво
Обезбедување

За обезбедување на побарувањата се користат едно или комбинација од следните инструменти:

  • хипотека на недвижен имот во сооднос 1: 1 во однос на одобрениот кредит
  • сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула
  • залог на подвижни предмети во однос 1: 2 во однос на одобрениот кредит
  • банкарска гаранција
Неприфатливи корисници
  • проекти со кои се предвидува самовработување во трговски друштва/правни субјекти со дејност, производство и промет на дрога и други штетни хемикалии
  • Напомени:

1. Во случај на доцнење се наплатува зголемена договорна камата во висина од 5 процентни поени над редовната.




Милица Милошеска, Стручен соработник за односи со клиенти (Loan оfficer)
Телефон: (02) 3168-507
e-mail: Milica.Miloseska@kb.com.mk

Горан Иваноски, Стручен соработник за односи со клиенти (Loan оfficer)
Телефон: (02) 3168-558
e-mail: Goran.Ivanovski@kb.com.mk