• Брошура


  • Барање за гаранција


  • Барање за измена на гаранција



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарски гаранции



Банкарската гаранција е писмен документ со кој банката - гарант се обврзува на безусловна и промптна исплата на одредена сума пари во корист на корисникот на гаранцијата, доколку должникот не исполни одредена обврска во предвидениот рок, која може да биде платежна или чинидбена.

Во зависност од видот на обврската која треба да се исполни, Комерцијална банка АД Скопје ги издава следните видови банкарски гаранции:


ВИДОВИ НА ДЕНАРСКИ ГАРАНЦИИ

Платежни гаранции
  • Гаранција за навремено измирување на парични обврски
Чинидбени гаранции
  • Гаранција за учество на лицитација
  • Гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите
  • Гаранција за враќање на примен аванс
  • Гаранција за обврски во гарантен рок
  • Гаранција за обезбедување на плаќање царински долг
  • Останати видови гаранции согласно потребите на клиентот
 

Провизии за издавање на денарски гаранции


При издавањето на денарските гаранции, Комерцијална банка АД Скопје ги наплатува следните провизии:



НАДОМЕСТОЦИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДЕНАРСКИ ГАРАНЦИИ

Гаранции обезбедени со првокласен инструмент (денарски и девизни депозити на сметки или книшки, гаранции од првокласни банки)

0,05% еднократно или месечно (во зависност од видот на гаранцијата), мин. 500,00 денари

Гаранции необезбедени со првокласен инструмент (хипотека на недвижен имот, залог на опрема, меници со нотарски акт и друго прифатливо обезбедување)

0,15 - 0,2% еднократно или месечно (во зависност од видот на гаранцијата,
мин. 750,00 денари



Лица за контакт



Илија Мирчевски, Главен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-504
Факс: (02) 3247-468
e-mail: ilija.mircevski@kb.com.mk

Елена Спировска, Директор на Дирекција за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Телефон: (02) 3168-509
e-mail: elena.spirovska@kb.com.mk