• Брошура



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Акредитив



Со отворањето на акредитивот, Комерцијална банката АД Скопје во функција на издавач по налог на својот клиент, презема неотповиклива обврска дека на утврдениот датум ќе изврши плаќање/негоцирање на презентираните документи во корист на корисникот на акредитивот, доколку се доставени документи за извршениот увоз во согласност со однапред предвидени услови и рокови во текстот на акредитивот.

Акредитивот претставува најсигурен инструмент за плаќање и обезбедување, кој максимално го штити како продавачот така и купувачот, особено кога се нови партнери во меѓународното трговско работење. Од овие причини тој претставува најупотребуван банкарски производ во меѓународните трансакции.

Предност за купувачот при користење на акредитивот е сигурноста дека ќе ја добие договорената стока. Купувачот ја обезбедува испораката на стоката преку добро дефинирани документи во акредитивните услови.

Предност за продавачот при користење на акредитивот е сигурноста дека ќе ја наплати стоката што ја испорачал, доколку ги следи упатствата и условите во акредитивот.

Отворањето и работењето со акредитиви Банката го врши согласно принципите утврдени во општите услови за работење со документарни акредитиви. Овој инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените Еднообразни правила и обичаи за документарни акредитиви, Ревизија 2007, Публикација 600 издадени од МТК во Париз.

Ностро (увозен) акредитивот претставува инструмент за плаќање и обезбедување на плаќање при увоз на стоки и услуги.

Потребни документи за отворање акредитив се следните:
  • Соодветна документација (договор, фактура или про-фактура за договорениот увоз);
  • Барање за отворање на акредитив (само во случај на користење на рамковен краткорочен денарски кредит како обезбедување).

Лоро (извозен) акредитив претставува инструмент со кој се обезбедува наплата на извозот на стоки и услуги.


Standby акредитив
Банката издава и Standby акредитиви кои претставуваат специјален тип акредитиви кои имаат функција на гаранција, односно служат за обезбедување на купопродажниот договор, но подлежат на меѓународни правила и узанси издадени од Меѓународната трговска комора.

Конфирмација
Доколку е потребно банката на извозникот да додаде конфирмација, таа додава своја обврска да изврши исплата по презентација на уредни документи. За конфирмација на акредитиви, Комерцијална банка АД Скопје има на располагање специјален аранжман со ЕБОР, како и повеќе кредитини линии од реномирани светски банки.


Лица за контакт



Реферат за акредитиви и инкаса
Телефон: (02) 3168-651; (02) 3168-652; (02) 3168-653; (02) 3168-654; (02) 3168-656; (02) 3168-657
e-mail: akreditivi@kb.com.mk

Надица Босилкова Бошкова, Одговорен на Реферат за акредитиви и инкаса
Телефон: (02) 3168-655
Факс: (02) 3220-969
e-mail: nadica.bosilkova@kb.com.mk

Катерина Петровска, Шеф на служба за платен промет со странство
Телефон: (02) 3168-626
Факс: (02) 3115-035
e-mail: katerina.petrovska@kb.com.mk

Виолета Василевска, Директор на Дирекција за платен промет со странство и девизни сметки
Телефон: (02) 3168-625
Факс: (02) 3220-969
e-mail: violeta.vasilevska@kb.com.mk