• Брошура



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Форфетирање



Форфетирањето е купување со дисконтирање на побарувања по плативи банкарски гаранции и акредитиви со одложено плаќање кои доспеваат на некоја идна дата и произлегуваат од испорака на стоки и услуги. Со форфетирањето, Вашиот извоз со одложено плаќање се трансформира во готовинска трансакција, Вашиот производ е конкурентен на светскиот пазар со овозможување извоз на одложено плаќање кое е 100% финансирано од Банката. Исто така, форфетирањето овозможува прилив на ликвидни средства за континуирано производство за извоз.

Банката врши форфетирање првенствено на побарувања на трговски друштва - извозници по лоро акредитиви отворени во нивна корист, по кои Банката е известувачка банка со клаузула за одложено плаќање.

Дисконтна стапка за купување на побарувања од комитенти извозници (форфетирање) во висина на ЕУРИБОР стапката до најблискиот период на дисконтирање за валута ЕУР или за сите останати валути ќе се применува ЛИБОР стапката + 4,0 процентни поени.

Лице за контакт



Александар Шапкаров, Раководител на одделение за девизни кредити
Телефон: (02) 3168-620
e-mail: Aleksandar.Sapkarov@kb.com.mk