• Општи услови


  • Водич за мобилно банкарство



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Мобилна апликација мБанкаКо


 

Преземете ја бесплатната мобилна апликација мБанкаКо на Комерцијална банка АД Скопје на Вашиот smart телефон или таблет и имајте виртуелна експозитура секогаш и секаде со Вас.

 

 

мБанка за физички лица на app store мБанка за физички лица на app store

 


Што е мБанкаКо?

 

мБанкаКо е бесплатна апликација за мобилни телефони и таблети која Ви овозможува сигурен, брз и едноставен 24 часовен пристап до најкористените услуги на електронското банкарство за правни лица.

 

Спој на сигурност и едноставност

 

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентите.  мБанкаКо има вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци, а за поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет дефинирани од Банката.

 

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесенит авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите.

 

Со мБанкаКо достапни ви се следните услуги:

  • Увид во состојбата, промените и изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка)
  • Пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата со ПП30, ПП50 и ПП53 (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање)
  • Продажба на девизи од девизна трансакциска сметка
  • Пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и преиодични лимити на деловните картички
  • Прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловни картички и девизните сметки, со можност за поставување на минимални износи за добивање на нотификации

 

Што добивате со превземање на мБанкаКо?

  • Поддршка на сложена политика на потпишување - идентична на постојната политика на потпишување во електронската банка
    • Поединечно потпишување
    • Колективно поштпишување
    • Задолжителен потписник
    • Лимитирање на износи
  • Целосна интеграција со електронската банка преку пренесување на привилегиите од интернет банката заедно со сложената политика на потпишување,
  • Флексибилност на решението преку можност за паралелно користење на двете апликации (можност за внес на налог преку електронска банка, негово потпишување преку мобилната апликација)
  • Можност за користење на веќе креирани шаблони за плаќање во електронската банка
  •  24/7 достапност
  • Овозможено е симнување на изводите и платените налози во PDF формат
  • Овозможена е биометриска автентикација - најава со отисок или препознавање на лик
  • Физичкиот токен за потпишување е заменет со софтверски токен за потпишување
  • Web-поврзување (од било која локација во светот)
  • Тројазична платформа
  • Продажба на девизи со можност за котација на курсеви
  • Следење на деловни картички и промена на лимити
  • Континуирано надоградување и прилагодување на потребите на клиентите

 

Што Ви е потребно за превземање на апликацијата?

  • Да сте корисник на Интернет банка за правни лица
  • Да поднесете потпишан образец (Овласување лице за работа со Интернет банка) со кој се дава согласност на одредени лица да им се овозможи пристап до сметките на Вашата компанијата преку нивните мобилни уреди
  • Да го потврдите или намалите максималниот лимит по налог за пренос со ПП30 дефиниран од страна на Банката
  • Да поднесете потпишан образец (Барање за пријава на сметка за работа преку Интернет банка) со кој се потврдува или намалува максималниот дневен лимит дефиниран од страна на банката по сметка по сите Овластени лица 

 

Регистрацијата и активацијата на мобилната апликација се одвива во 4 едноставни чекори и тоа:

  • по добивање на SMS (e-mail) порака дека Ви е овозможен пристап до мобилната апликација истата ја симнувате од Google play/App Store
  • при првата најава во мБанкаКо, се идентификувате со вашето постоечко име и лозинка со кое ги користите услугите на Интернет банка за правни лица
  • се најавувате во Интернет банка за правни лица во делот Моите уреди и со означување на вашиот мобилен уред и кликање на копчето Активирај уред, го превземате QR кодот
  • избирате PIN за најава во мБанкаКо и го потврдувате

 

Каде и да сте, отсега Вашата Интернет банка верно ќе Ве следи.

 

Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка:

 

тел: (02) 3296-800 
(пон. – пет.: 08:00 - 19:00, сабота 08:00 - 14:00)
E-mail: support@kb.com.mk