• Основни информации


  • Барање - општо


  • Барање - поединечно


  • Брошура


  • Општи услови


  • Барање за регистрација на клиент


  • Барање за администрирање на лимит



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® BusinessCard деловна кредитна картичка



MasterCard® BusinessCard кредитната картичка на Комерцијална банка АД Скопје е картичка по мерка на Вашиот бизнис. Со неа добивате бескаматен период до 42 дена за подмирување на Вашите деловни трошоци, приспособлив лимит за секоја картичка и можност за едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка.




Предности на картичката


- едноставно плаќање на службените трошоци, секаде во светот, без провизија;
- едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка и SMS банкарство;
- бескаматен период до 42 дена на искористениот кредит за трансакции во трговија; одобрениот кредитен лимит го распределувате на две сметки (во МКД и ЕУР) по Ваш избор и по
- потреба тој сооднос го менувате;
- поволни каматни стапки на искористениот кредит;
- можност за издавање на неограничен број картички во рамките на Вашата компанија;
- подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на Вашата компанија;
- можност за определување на дневен лимит по картичка според потребите на компанијата;
- полесно и побезбедно плаќање отколку со готовина;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Кредитната картичка MasterCard® BusinessCard е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати во над 120 земји во светот. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на MasterCard® BusinessCard.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.


Едноставно до Вашата MasterCard® Business Card кредитна картичка


Следете ги чекорите за добивање на Вашата MasterCard® Business Card кредитна картичка:



1
Пополнете ги општото барање и поединечното барање за MasterCard деловни картички. Поединечните барања се пополнуваат за секоја картичка. .
2
Барањата, заедно со документацијата, доставете ги во Централата или во една од филијалите на Банката.
3
Вашата нова картичка ја подигнувате во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

физичко лице врз основа на поднесено барање од правно лице

Годишна членарина*

 

по картичка

за прво издавање

бесплатно за постојните корисници на меѓународни деловни картички пред истек на рокот на важност на картичката

за направен годишен промет (во трговија и подигнување на готовина) во износ од 0,00 до 500.000,00 денари по сметка

1.500 денари

за направен годишен промет (во трговија и подигнување на готовина) во износ над 500.000,00 денари по сметка

без надомест

Каматни стапки на денарска сметка

- 13,50% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 14% над износот на кредитниот лимит

Каматни стапки на девизна сметка

- 9,6% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 9,634% над износот на кредитниот лимит

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

2%, мин. 100 ден.

3%, мин. 300 ден.

на други банки во земјата

3%, мин. 250 ден.

4%, мин. 400 ден.

на други банки во странство

3%, мин. 4 ЕУР

4%, мин. 6 ЕУР

 

* Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.




Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk