• Основни информации


  • Барање - општо


  • Барање - поединечно


  • Општи услови


  • Барање за регистрација на клиент


  • Барање за администрирање на лимит



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard домашна деловна кредитна картичка



MasterCard домашната деловна кредитна картичка е одличен начин да го подобрите работењето на Вашата компанија. Едноставно и безбедно подмирување на деловните трошоци на Вашите вработени, со приспособливи лимити и целосна евиденција на трошењето по корисници. Првиот чекор кон модернизирање на компанијата - MasterCard домашната деловна кредитна картичка на Комерцијална банка.




Предности на картичката


- едноставно плаќање на службените трошоци, без провизија;
- едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка и SMS банкарство;
- поволни каматни стапки на искористениот кредит;
- можност за издавање на неограничен број картички во рамките на Вашата компанија;
- подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на Вашата компанија;
- можност за определување на дневен лимит по картичка според потребите на компанијата;
- намалена потреба од носење готовина;
- полесно и побезбедно плаќање отколку со готовина;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на  MasterCard домашна деловна кредитна картичка.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.


Едноставно до Вашата MasterCard домашна деловна кредитна картичка


Следете ги чекорите за добивање на Вашата  MasterCard домашна деловна кредитна картичка:



1
Пополнете ги општото барање и поединечното барање за MasterCard деловни картички. Поединечните барања се пополнуваат за секоја картичка.
2
Барањата, заедно со документацијата, доставете ги во Централата или во една од филијалите на Банката.

Услови и надоместоци


Валута МКД

Корисници

физичко лице врз основа на поднесено барање од правно лице

Каматни стапки - 13,5% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 14% над износот на кредитниот лимит
Дневни лимити на трансакции Банката дефинира дневни лимити согласно Договорот за издавање на деловни кредитни картички

Годишна членарина*

1.200 денари по картичка

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

2%

не функционира на шалтер

на други банки во земјата

3%, мин. 300 ден.

не функционира на шалтер

 

* Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.




Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Игор Андреевски, Одговорен работник за издавање на картички
Телефон: (02) 3168-130
Факс: (02) 3114-232
e-mail: igor.andreevski@kb.com.mk