• Основни информации


  • Барање - општо


  • Барање - поединечно


  • Општи услови


  • Барање за регистрација на клиент


  • Барање за администрирање на лимит



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard меѓународна деловна кредитна картичка



Доколку Ви е потребна деловна картичка која ќе ја користите на Вашите службени патувања во странство, тогаш MasterCard® меѓународна деловна кредитна картичка е решението по Ваша мерка. Картичката може да ја користите за безготовински плаќања секаде каде што е истакнат MasterCard® знакот, за подигнување на готовина од банкомат или од банкарски шалтер.




Предности на картичката


- едноставно плаќање на службените трошоци, секаде во светот, без провизија;
- едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка и SMS банкарство;
- бескаматен период до 42 дена на искористениот кредит за трансакции во трговија;
- поволни каматни стапки на искористениот кредит;
- можност за издавање на неограничен број картички во рамките на Вашата компанија;
- една сметка (во ЕУР) за користење во земјата и во странство;
- подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на Вашата компанија;
- можност за определување на дневен лимит по картичка според потребите на компанијата;
- намалена потреба од носење готовина во странство;
- полесно и побезбедно плаќање отколку со готовина;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


MasterCard® меѓународната деловна кредитна картичка  е прифатена на повеќе од 22 милиони продажни места и повеќе од 1 милион банкомати во над 120 земји во светот. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на MasterCard® меѓународна деловна кредитна картичка.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.


Едноставно до Вашата MasterCard меѓународна деловна кредитна картичка


Следете ги чекорите за добивање на Вашата MasterCard меѓународна деловна кредитна картичка:



1
Пополнете ги општото барање и поединечното барање за MasterCard деловни картички. Поединечните барања се пополнуваат за секоја картичка.
2
Барањата, заедно со документацијата, доставете ги во Централата или во една од филијалите на Банката.

Услови и надоместоци


Корисници

физичко лице врз основа на поднесено барање од правно лице

Годишна членарина*

60 ЕУР по картичка*
Каматни стапки - 10% активна камата во висина на кредитниот лимит
- 10,216% над износот на кредитниот лимит

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

во земјата

2%

не функционира на шалтер

во странство

3%, мин. 4 ЕУР

4%, мин. 6 ЕУР

 

* Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.




Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Шеф на Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Игор Андреевски, Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-130
Факс: (02) 3114-232
e-mail: igor.andreevski@kb.com.mk