• Основни информации


  • Барање - општо


  • Барање - поединечно


  • Општи услови


  • Барање за регистрација на клиент


  • Барање за администрирање на лимит



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Visa Corporate деловна кредитна картичка



Со картичката Visa Corporate на Комерцијална банка АД Скопје добивате можност за едноставно плаќање на Вашите деловни трошоци, со бескаматен период до 40 дена. Со определениот дневен лимит на секоја картичка од Ваша страна, ќе можете едноставно да ја следите сметката и трошењето по корисници преку услугата Интернет банка. Вистинската виза за Вас.




Предности на картичката


- Оваа картичка е наменета за средни и големи компании;
- Едноставно плаќање на службените трошоци, секаде во светот, без провизија;
- едноставно следење на сметката и на трошењето по корисници преку услугата Интернет банка и SMS банкарство;
- Бескаматен период до 40 дена на искористениот кредит за трансакции во трговија;
- Најниска каматна стапка на искористениот кредит од само 10,5% годишно;
- Минимален број на издадени картички е 5 (пет) со можност за издавање на неограничен број на картички во рамките на Вашата компанија;
- Една сметка за во земјата и странство;
- Подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на Вашата компанија;
- Можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- Можност за определување на дневен лимит по картичка според потребите на компанијата;
- Полесно и побезбедно плаќање отколку со готовина;
- 24 - часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Кредитната картичка Visa Corporate е прифатена на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa картичките можете да добиете на www.visa.com.


За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на Visa Corporate.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.


Едноставно до Вашата Visa Corporate кредитна картичка


Следете ги чекорите за добивање на Вашата Visa Corporate кредитна картичка:



1
Пополнете ги општото барање и поединечното барање за Visa Corporate кредитна картичка. Поединечните барања се пополнуваат за секоја картичка.
2
Барањата, заедно со документацијата, доставете ги во Централата или во една од филијалите на Банката.
3
Вашата нова картичка ја подигнувате во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

физичко лице врз основа на поднесено барање од правно лице

Годишна членарина*

 

по картичка

 

за првата година

без надомест  

за секоја следна година

3.600 денари

 

за годишен промет над 1.500.000 денари

без надомест за сите картички

 

Каматни стапки - 10,90% активна камата во висина на кредитниот лимит
- 14% над износот на кредитниот лимит

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

2,5%, мин. 200 ден.

3%, мин. 300 ден.

на други банки во земјата

3%, мин. 200 ден.

3,5%, мин. 350 ден.

на други банки во странство

3%, мин. 250 ден.

3,5%, мин. 400 ден.

 

* Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.