Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Совети за безбедно користење на картичките

 

 

Вашата картичка од Комерцијална банка е безбеден начин да располагате со Вашите пари. Сепак, бидејќи ние секогаш приоритет ù даваме токму на безбедноста, издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното користење на картичките.

 

 

 

 

Кога ќе ја добиете картичката

 

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го PIN кодот - никогаш не го запишувајте.
  • Не го откривајте PIN кодот никому.

На врвот ^

 

 

 

Дома

 

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички на (02) 3 247 474.
  • Чувајте список од броевите на сите Ваши картички.

 

На врвот ^

 

 

На банкомат

 

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка.

На врвот ^

 

 

 

На продажни места

 

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и Вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Чувајте ја картичката близу до Вас и внимавајте на џепчии.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

 

На врвот ^

 

 

 

Додека патувате

 

  • Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
  • Забележете го бројот на Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички (02) 3 247 474.
  • Чувајте ја картичката одвоено од готовината - во случај на губење да не ги изгубите и двете.
  • Направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место.
  • Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

На врвот ^

 

 

 

При купување на Интернет

 

  • Купувајте само од интернет сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
  • Никогаш не го внесувајте PIN кодот - тој никогаш не е потребен за вршење на нарачка.
  • При вршење на нарачка преку Интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурајте се дека интернет страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција на интернет сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа.
  • Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.

На врвот ^

 

 

 

Промена на PIN код на банкомат

 

  • При промена на PIN кодот на банкомат внимателно одберете го новиот PIN код.
  • Банката препорачува новиот PIN код да не содржи броеви од датумот на раѓање, низа на броеви, четири исти броеви како на пример: 0000, 1111,1234.
  • Запомнете го новиот PIN код - никогаш не го запишувајте или кажувајте на друг.

На врвот ^

 

 

 

Центар за авторизација

Телефон: (02) 3247-474

Факс: (02) 3114-232

Работно време: 24 часа, секој ден од неделата