Совети за безбедно користење на картичките
Вашата картичка од Комерцијална банка е безбеден начин да располагате со Вашите пари. Сепак, бидејќи ние секогаш приоритет ù даваме токму на безбедноста, издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното користење на картичките.
Кога ќе ја добиете картичката
- Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
- Запомнете го PIN кодот - никогаш не го запишувајте.
- Не го откривајте PIN кодот никому.
На врвот ^
Дома
- Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
- Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички на (02) 3 107 310.
- Чувајте список од броевите на сите Ваши картички.
На врвот ^
На банкомат
- Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
- Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
- Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
- На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка.
На врвот ^
На продажни места
- Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и Вашиот потпис.
- Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
- Чувајте ја картичката близу до Вас и внимавајте на џепчии.
- Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
На врвот ^
Додека патувате
- Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
- Забележете го бројот на Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички (02) 3 107 310.
- Чувајте ја картичката одвоено од готовината - во случај на губење да не ги изгубите и двете.
- Направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место.
- Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.
На врвот ^
При купување на Интернет
- Купувајте само од интернет сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
- Никогаш не го внесувајте PIN кодот - тој никогаш не е потребен за вршење на нарачка.
- При вршење на нарачка преку Интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
- Осигурајте се дека интернет страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://.
- Водете евиденција на интернет сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа.
- Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
- Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
- Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
- Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
На врвот ^
Промена на PIN код на банкомат
-
При промена на PIN кодот на банкомат внимателно одберете го новиот PIN код.
-
Банката препорачува новиот PIN код да не содржи броеви од датумот на раѓање, низа на броеви, четири исти броеви како на пример: 0000, 1111,1234.
-
Запомнете го новиот PIN код - никогаш не го запишувајте или кажувајте на друг.
На врвот ^
Центар за авторизација
Телефон: (02) 3107-310
Факс: (02) 3114-232
Работно време: 24 часа, секој ден од неделата