Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Старателски работи над хартии од вредност

 

 

Како дел од широкиот спектар на производи и услуги со хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје на своите постоечки и идни клиенти им нуди висококвалитетни и сигурни старателски услуги над хартии од вредност, со осoбен фокус на индивидуалниот пристап до клиентот.

 

Самите почетоци на оваа услуга датираат од 2002 година, со отвoрање и водење на првите старателски сметки. Оттогаш до денес, Комерцијална банка АД Скопје постојано работи на усовршување на што поквалитетни услуги и настојува да одржи високи стандарди, но со максимална флексибилност во работењето во рамки на законската регулатива.

 

Во рамки на стандардната понуда на старателските услуги влегуваат следните активности:

  • Отворање и водење на сметки за хартии од вредност и наменски парични сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и во Банката;
  • Чување и одржување на портфолиото на хартиите од вредност на клиентот;
  • Порамнување на трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност согласно инструкции на клиентот;
  • Известување за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност и наменските парични сметки;
  • Следење и навремени известувања за коорпоративни настани;
  • Реализација на права кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност на клиентите согласно неговите инструкции, како наплата на дивиденди, камата и главница и друг вид приход од хартиите од вредност;
  • Услуги на застапување на собранија на акционерски друштва;
  • Известување за новините на пазарот на капитал и измените на законските прописи;
  • Плаќање на даночни обврски во име на клиентите кои произлегуваат од сопственоста над хартиите од вредност кои се водат на збирна сметка на Банката; 
  • Други активности согласно потребите и барањата на различни категории клиенти, согласно законската регулатива и преземените договорни обврски.

 

 

Потребна е следната документација за склучување на старателски договор:

  • Апликација за отворање на старателска сметка;
  • Специмен на потписи на овластени лица;
  • Документи за идентификација и регистрирање на клиент, односно негови овластени лица;
  • Други дополнителни документи, зависно од категоријата на клиентот.

 

 

Надоместоци на Банката поврзани со старателското работење се за:

  • Одржување на портфолио;
  • Трансакциски трошок;
  • Proxy voting;
  • Реални трошоци;
  • Други трошоци согласно тарифа.

 

 

Во своето работење како старателска банка Комерцијална банка АД Скопје применува високи стандарди, користејќи софистицирани софтверски програми и комуникација со SWIFT МТ пораки од категорија 5, со цел да ги задоволи потребите на различни категории клиенти.



Лице за контакт



Антигона Буклеска,
Елизабета Манасијевска

Телефон: (02) 3168-308; (02) 3168-310
Факс: (02) 3225-056
e-mail: custody@kb.com.mk