Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Банка - чувар на имот, депозитарна банка на пензиски и инвестициски фондови



Оваа услуга беше следствена фаза во континуираниот развојот на старателските работи, а во духот на стратегиската определба на Банката да биде лидер во креирањето на нови финансиски производи и услуги, како и потврда и јакнење на нејзиниот имиџ.

Комерцијална банка АД Скопје во 2008 година започна со вршење работи на депозитна банка на инвестициски фондови и тековно оваа функција ја извршува за 6 инвестициски фонда регистрирани во Република Македонија.

Од 2009 година Комерцијална банка АД Скопје е чувар на имот на првиот доброволен пензиски фонд, а кога се создадоа услови за промена на чуварот на имот на задолжителните пензиски фондови, Банката, како една од водечките банки во областа на старателсктвото, стана чувар на имот на еден од задолжителните пензиски фондови регистрирани во Република Македонија.

Согласно своите законски и договорни обврски, Банката нуди широк опсег на услуги за инвестициски и пензиски фондови, вклучително:
  • Чување на имотот на инвестициските и пензиските фондови, отворање и водење на сметки за хартии од вредност и наменски парични сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и Банката;
  • Порамнување на трансакции поврзани со инвестирањето на средствата на фондовите во земјата и во странство, согласно инструкции од Друштвата за управување со фондовите;
  • Реализација на други инструкциите на друштвата за управување со фондови, под услов истите да не се во спротивност со законската регулатива и/или проспектот и статутот на фондот;
  • Проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите;
  • Известување на друштвата за управување со фондовите за корпоративни настани кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност на фондот и извршување на инструкции кои произлегуваат од тие настани;
  • Наплата на сите приходи и други права доспеани во корист на фондовите, а кои произлегуваат од нивниот имот;
  • Известување согласно законски, подзаконски акти и договор.

Горенаведените услуги, зависно од видот на фондот, се надополнуваат со дополнителни услуги, согласно законската регулатива, како и специфичните потреби и барања на поединечните клиенти.

Во фокусот на работењето на Комерцијална банка АД Скопје е понуда на висококвалитетни услуги, како и континуирано надградување на своите поставени стандарди, со што се настојува да се осигура адекватна услуга за постоечките и потенцијалните идни клиенти.

Лице за контакт



Антигона Буклеска,
Соња Угриновска Бојаџиевска

Телефон: (02) 3168-308; (02) 3168-311
Факс: (02) 3225-056
e-mail: custody1@kb.com.mk