Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Прифаќање на картички (ПОС терминали)



Со воведување на услугата за прифаќање картички за наплата на стоки и услуги на Вашите продажни места, ќе создадете можност за зголемена продажба и поголем профит, а на потрошувачите ќе им понудите едноставен, брз и сигурен начин на плаќање кој тие го претпочитаат.



Предности на прифаќањето картички

  • Зголемена продажба – плаќањето со картички е мошне прифатено и популарно помеѓу потрошувачите. Овој начин на плаќање овозможува зголемена продажба и повисок износ на просечната трансакција. Плаќањето со картички на потрошувачите им овозможува моментен и непосреден пристап до нивната полна куповна моќ, без ограничување на готовината која потрошувачот ја носи со себе.
  • Задоволни потрошувачи – со нудењето на оваа услуга привлекувате нови потрошувачи, а на постојните им нудите подобра услуга и избор да плаќаат на начин кој тие го претпочитаат. Задоволството на потрошувачите е уште поголемо затоа што знаат што да очекуваат. Секаде во светот прифаќањето на картички на продажни места се извршува според општо прифатени стандарди, без посебни услови и ограничувања, вклучувајќи го и доследното и високо ниво на услуга.
  • Намалување на трошоците и на ризикот – Трансакциите со картички го забрзуваат процесот на наплата, без чекање поради броење пари, враќање кусур, недостаток на ситни пари и сл. Тие се изведуваат електронски, заштедуваат време и ги снижуваат трошоците преку намалување на манипулацијата со готови пари и извршување уплати, а со тоа ги намалуваат можностите за злоупотреба и ризикот поврзан со работење со готовина.

^ На врвот

Користење на усугата за прифаќање на картички

  • Комерцијална банка АД Скопје на бараните продажни места ќе постави сопствени уреди (ПОС терминали) за прифаќање на картички. На уредите може да се врши наплата на стоки и услуги со сите картички од фамилијата на MasterCard Worldwide (MasterCard и Maestro) и Visa International (Visa и Visa Electron), без разлика на земјата на потекло и банката издавач на картичките.
  • Банката ќе задржува провизија, изразена како процент, од секоја успешна трансакција извршена на поставените уреди. Провизијата ги покрива трошоците и ги претставува сите финансиски обврски на правното лице кон Комерцијална банка АД Скопје по основ на прифаќање картички за наплата на стоки и услуги.
  • Средствата остварени по основ на трансакции со картички без надоместок ќе се префрлуваат на сметката на правното лице во рок од 1 (еден) работен ден (за сметки во Комерцијална банка АД Скопје) или за 3 (три) работни денови (за сметки во други банки), сметано од денот на книжење на трансакцијата во Банката.
  • Комерцијална банка АД Скопје нуди можност за поставување 3 различни типови на ПОС терминали, според начинот на нивно комуникациско поврзување, и тоа: Dial-up (користи фиксна телефонска линија), GPRS (мобилен апарат кој користи мрежа за мобилна телефонија) и LAN ПОС терминали (поврзување преку компјутерска мрежа). Изборот на типот на ПОС терминал ќе биде извршен од страна на Банката, во зависност од условите на продажните локации и спецификата на дејноста.
  • Центарот за авторизација на Комерцијална банка АД Скопје е на расоплагање 24 часа, секој ден во неделата, за давање неопходна помош и поддршка при прифаќање на картичките.
  • Месечните збирни извештаи за извршени трансакции ќе бидат доставувани по пошта.
  • Банкатa на својата web страница за Интернет банкарство (https://www.banka.com.mk) нуди бесплатна Интернет базирана услуга за креирање, прегледување и печатење на извештаи за трансакции, како и преземање на податоци за искнижени трансакции во датотека, со можност за автоматско книжење (евиденција). Формуларот за аплицирање за добивање на оваа услуга можете да го преземете овде.


^ На врвот


Едноставно до услугата за прифаќање на картички

Следете ги чекорите за аплицирање и овозможување на оваа услуга:

1. Преземете го формуларот „Барање за склучување договор со Комерцијална банка АД Скопје за продажба на стоки и услуги со наплата со картички и инсталирање опрема за прифаќање на картички“.
2. Пополнетото барање, заедно со потребната документација, доставете го во Централата или која било филијала или експозитура на Банката, со назнака „За Службата за банкарски картички“.
3. По разгледување и одобрување на барањето, најдоцна во рок од 5 работни денови, ќе бидете контактирани заради потпишување на договор за прифаќање на картички и пристапување кон инсталација на опремата и обука за прифаќање на картички на вработените.



^ На врвот


Плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата, со дебитни картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје

  • Комерцијална банка АД Скопје, со цел да излезе во пресрет на барањата на едно од најмногубројните семејства на корисници на дебитни картички во државата, како и на правните субјекти со кои има склучено договори за наплата на производи и услуги со банкарски картички, воведе нова функционалност за дебитните картички.
  • Со Maestro®, Visa Electron и Debit MasterCard® дебитните картички на Комерцијална банка АД Скопје може да се плаќа на фиксен број рати (3, 6, 12 или 24), без камата, на продажните места со кои Банката има склучено договор.
  • Услугата е корисна за обете страни:
    • правниот субјект без одложување ги добива вкупните средства;
    • корисникот на картичката плаќа без дополнителен надомест, а вкупниот износ на средства од извршената трансакција ќе му достасува на рати и без камата за износот на недостасаните рати.
  • За овозможување на оваа услуга, Банката инсталира посебен ПОС терминал.
  • Листа на продажни места со кои Банката има договор за плаќање на рати без камата.




Лица за контакт



Владимир Киевски, Стручен соработник за прифаќање на картички
Телефон: (02) 3168-107
Факс: (02) 3114-232
e-mail: vladimir.kievski@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk