Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Продажба на удели од о.ф. КБ Публикум-Балансиран

 

Сите заинтересирани физички и правни лица на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје можат да купат удели од инвестициониот фонд КБ Публикум Балансиран на КБ Публикум Инвест АД Скопје.

Уделите можат да се купат во следните експозитури на Банката, лоцирани во Скопје:

  1. Букет – веднаш до просториите на КБ Публикум Инвест.
  2. Автокоманда.
  3. Буњаковец.
  4. Бисер.
  5. ГТЦ.
  6. Ѓорче Петров.
  7. Лептокарија.
  8. Рузвелтова.
  9. Цветан Димов.
  10. Чешма.
  11. Централата на Банката.

 

Продажба на уделите ќе се врши и во сите експозитури и филијали на Банката низ Републиката.

При пристапување кон КБ Публикум Балансиран потребно е да пополните Пристапница и Барање за купување документи за удел, на шалтерите на Банката. Притоа:

 

  1. физичко лице, треба да се легитимира со документација за лична идентификација (лична карта или пасош), а
  2. правно лице, треба да достави веродостоен документ согласно со законските прописи, односно тековна состојба од регистрацијата или друг документ од надлежен орган.

Ако при пополнување на Пристапницата и Барањето, странката, физичко или правно лице, се претставува преку полномошник, кон Пристапницата и Барањето полномошникот треба да приложи и нотарски заверено полномошно кое треба да содржи изрично овластување за купување на удели, копија од документот за лична идентификација на сопственикот (лична карта/пасош) заверена на нотар и документ за лична идентификација на овластеното лице, застапникот.

Вредност на уделот: Странките купуваат документи за удел во Фондот според вредноста на поединечниот удел на денот на купување (Т), доколку паричните средства се уплатени до 14:00 часот во тековниот ден. Доколку паричните средства се уплатат по 14:00 часот во тековниот ден, уделите се купуваат според вредноста на поединечниот удел наредниот ден на вреднување (Т+1).

За подетални информации можете да ја посетите web страницата на КБ Публикум Инвест АД Скопје: http://www.kbpublikum.com.mk/



Лице за контакт



Билјана Боцева, Раководител на одделение за оперативно работење
Телефон: (02) 3168-912
e-mail: biljana.boceva@kb.com.mk