Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Продажба на удели од инвестициони фондови на ИЛИРИКА ФОНД МЕНАЏМЕНТ

 

Сите заинтересирани физички и правни лица на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје можат да купат документи за удел од инвестиционите фондови на ИЛИРИКА ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, и тоа од:

  1. ИЛИРИКА Југоисточна Европа-отворен инвестиционен фонд
  2. ИЛИРИКА Глобал Растечки Пазари-отворен инвестиционен фонд.

 


Каде можат да се купат 

 

Во Скопје, продажбата на документи ќе се врши во следните експозитури:

  1. Автокоманда
  2. Буњаковец
  3. Бисер
  4. ГТЦ
  5. Ѓорче Петров
  6. Лептокарија
  7. Рузвелтова
  8. Цветан Димов
  9. Централа
  10. Чешма

 

Продажба на документите ќе се врши и во сите експозитури и филијали на Банката низ Републиката.



Потребна документација

 

При пристапување кон ИЛИРИКА ФОНД МЕНАЏМЕНТ потребно е да доставите на шалтерите на Банката пополнета Пристапница и Барање за купување документи за удел. Притоа:

 

  1. физичко лице, треба да се легитимира со документација за лична идентификација (лична карта или пасош), додека
  2. правно лице, треба да достави веродостоен документ согласно со законските прописи, односно тековна состојба од регистрацијата или друг документ од надлежен орган.

Ако при пополнување на Пристапницата и Барањето, странката, физичко или правно лице, се претставува преку полномошник, кон Пристапницата и Барањето полномошникот треба да приложи и нотарски заверено полномошно кое треба да содржи изрично овластување за купување на удели, копија од документот за лична идентификација (лична карта/пасош) заверена на нотар и документ за лична идентификација на овластеното лице, застапникот.


Вредност на уделот


Странките купуваат документи за удел во Фондот според вредноста на поединечниот удел на денот на купување (Т), доколку паричните средства се уплатени до 14:00 часот во тековниот ден. Доколку паричните средства се уплатат по 14:00 часот во тековниот ден, документите за удел се купуваат според вредноста на поединечниот удел наредниот ден на вреднување (Т+1).



Лица за контакт



Билјана Адамческа, Главен координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168–903
e-mail: Biljana.Adamceska@kb.com.mk

Билјана Боцева, Раководител на одделение за оперативно работење
Телефон: (02) 3168-912
e-mail: biljana.boceva@kb.com.mk