• Барање за е-commerce



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

E-commerce

 

E-commerce


E-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје овозможува прифаќање на картички од брендовите на MasterCard Worldwide и Visa International за плаќање на стоки и услуги преку интернет.

Следејќи ги потребите на своите клиенти како и глобалните трендови во доменот на безготовинско плаќање, со воведување на оваа услуга Банката им овозможува на нејзините корисници безбедно и сигурно користење на сите предности на современите начини на тргување.


Позначајни предности на е-commerce услугата:


  • Пониски трошоци за отворање и одржување на Интернет продажното место во однос на класично продажно место (изградба/наем, режиски трошоци, плати за повеќе вработени);
  • Без ограничување во однос на работното време (достапност до купувачите 24/7/365);
  • Поголем број на потенцијални купувачи поради поголема достапност на Интернет продажното место, без ограничена достапност како онаа на физичка продавница;
  • Можност за искористување на сите предности на on-line промоција на производите и услугите кои се нудат.

Технички и безбедносни аспекти


Е-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје е во согласност со 3D Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa Internacional и MasterCard Worldwide, односно го има имплементирано Verified by Visa и MasterCard Secure Code.

Трговецот ја креира својата Интернет продавница и соодветно решение преку кое се води купувачот низ процесот на нарачка односно купување на производот/услугата. Во моментот на вршење на плаќање купувачот се пренасочува на заштитена web страна на која се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. По завршување на трансакцијата корисникот повторно се враќа на интернет страната на трговецот. Согласно ваквиот принцип на авторизирање односно вршење на трансакции трговецот нема пристап до доверливите податоци за картичката со што се заштитува од одговорност при потенцијални злоупотреби во случај на несоодветно архивирање.


Аплицирање за услугата


За оваа услуга на Банката можат да аплицираат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на продажба и имаат отворено сметка во Комерцијална банка АД Скопје, со доставување на Барање за е-commerce.

По доставување на Барањето, Банката го контактира правното лице со цел завршување на постапката за овозможување на услугата.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате на cards@kb.com.mk.