Дополнителни услуги за Visa Gold Standard и Visa Gold Revolving

 

Доколку сте корисник на Visa Gold Revolving или Visa Gold Standard кредитна картичка издадена од Комерцијална банка АД Скопје, можете да ги користите дополнителните услуги дефинирани од страна на Visa International, а достапни преку интернационалната мрежа на телефонски броеви – VCCS (Visa Call Centre Service) на следниов начин:

 

Известување за изгубени, украдени картички

Во случај да ја изгубите или Ви ја украдат Visa Gold кредитната картичка, без оглед дали се наоѓате дома или во странство, потребно е да ја известите Службата за банкарски картички, во Центарот за авторизација во Банката, кој работи 24 часа во денот, секој ден во неделата, 365 дена во годината, на телефонскиот број ++389 02 3 107 310. Вработениот во Центарот за авторизација ќе ги забележи деталите и ќе ја блокира Вашата картичка веднаш по Вашето јавување.

 

Итна замена на картичка

Доколку ја изгубите, односно Ви ја украдат Visa Gold картичката додека сте во странство, постои можност за итна замена на картичката (по потреба и со времена картичка). Доставата може да биде извршена директно, со сигурен курир, секаде во светот. Доставувачот мора да Ве идентификува како вистинскиот корисник согласно критериумите на издавачот на картичката. Доставата се извршува во рок од еден работен ден.

Информации за тоа како да ја користите оваа услуга можете да најдете на следнава web страница: http://goldcard.visacemea.com/cardReplacement.asp каде ја одбирате земјата во која се наоѓате и го вртите наведениот телефонски број. Со јавување на телефонскиот број, персоналот во VCCS (Visa Call Centre Service) Ви ги дава сите потребни информации за итна замена на картичката.

 

Итна готовинска исплата

Доколку ја изгубите, односно Ви ја украдат Visa Gold картичката додека сте во странство, постои можност за итна авторизација и организирање на готовинска исплата. Во тој случај VCCS обезбедува вербална авторизација или доколку е потребно по факс или готовинска исплата додека не се замени изгубената или украдената картичка. Доставата на готовината се извршува во рок од еден работен ден.

Информации за тоа како да ја користите оваа услуга можете да најдете на следнава web страница: http://goldcard.visacemea.com/cashDisbursement.asp каде ја одбирате земјата во која се наоѓате и го вртите наведениот телефонски број. Со јавување на телефонскиот број, персоналот во VCCS (Visa Call Centre Service) Ви ги дава сите потребни информации за итна готовинска исплата.

 

Медицинска и правна подршка на корисниците

Овие услуги Ви се на располагање само Вам како корисник на Visa Gold картичките, и тоа додека патувате надвор од државата во која престојувате (живеете).

 

Информации за тоа како да ја користите оваа услуга можете да најдете на следнава web страница: http://goldcard.visacemea.com/medicalAndLegal.asp каде ја одбирате земјата во која се наоѓате и го вртите наведениот телефонски број. Со јавување на телефонскиот број, персоналот во VCCS (Visa Call Centre Service) ќе Ве упати каде и како да се обратите за добивање на медицининска или правна помош. Медицинските и правните услуги се наплатуваат.

 

Како корисник на Visa Gold картичките издадени од Комерцијална банка АД Скопје, можете да користите и низа бенефиции, поволности, внимателно одбрани привилегии, како што се следниве:

• World’s Best Offers - Најдобри светски понуди – глобална понуда на пакети со привилегии за чести патници, вклучувајќи и хотелски и патнички услуги, изнајмување на автомобил, понуда во малопродажба.
• Visa Gold настани, периодично понудени од страна на Visa, во соработка со некој спонзор, членки и трговци партнери.
• Посветените страници за Visa Gold кредитни картички нудат детални информации за производот и најнови понуди за корисниците. Посетете ги следните линкови www.visacemea.com/goldcard,