КБ лого
 
Насловна English  
  Активни корисници: 37

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Комерцијална банка АД Скопје Ве носи на EURO 2008

Согласно Законот за игрите на среќа и  за забавните игри (“Сл.весник на РМ”, број 10/97,54/97,13/2001,2/2002,54/2007) и Правилникот за приредување на наградни игри, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

Член 1
ОРГАНИЗАТОР

Организатор на наградната игра "Комерцијална банка АД Скопје Ве носи на EURO 2008" (во понатамошниот текст "Наградна игра") е Комерцијална банка АД Скопје, со седиште во Скопје, Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: "ОРГАНИЗАТОР").

Член 2
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Официјалното име на Наградната игра е "Комерцијална банка АД Скопје Ве носи на EURO 2008".

Член 3
ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра е организирана за физички лица-корисници на картички од брендот MasterCard и Maestro, издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а се спроведува на сите продажни места во Република Македонија и светот, каде се прифаќаат картичките од горецитираните брендови.

Член 4
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра ќе започне од 01.03.2008 и ќе трае до 26.05.2008 година.

Член 5
КВАЛИФИКУВАНИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица- државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои се корисници на една од следните картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје со дата на важност подолга од времетраењето на наградната игра :

- Maestro дебитна картичка

- MasterCard Revolving кредитна картичка

- MasterCardCo-branding кредитна картичка

- MasterCard Standard кредитна картичка

- MasterCard Домашна кредитна картичка за физички лица

- MasterCard Меѓународна кредитна картичка за физички лица

и кои на денот на подигнување на наградата немаат достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените картички.

Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Комерцијална банка АД Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства и тоа:родител, дете, брат, сестра и брачен/вонбрачен другар).

Член 6
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Лицата од член 5, квалификувани за учество во наградната игра, за секои 10,000.00 денари искнижени од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ како промет во трговија во периодот од 01.03.2008-26.05.2008 година, за секој производ поединечно, добиваат по една шанса за учество во наградната игра.

Под промет во трговија се подразбираат сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички поврзани со единствената сметка на корисникот, на продажните места во Република Македонија и во странство. Во него не влегуваат исплати на готовина од банкомат, банкарски шалтери, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Трансакциите извршени од Корисниците на дополнителните картички поврзани со единствената трансакциска сметка на Корисникот на картичката се евидентираат во корист на Корисникот на картичката, за целите на наградната игра.

За секоја поединечна шанса, корисниците ќе добиваат соодветен код кој ќе биде истакнат на месечните изводи, како и на посебни печатени извештаи достапни на корисниците преку шалтерите на Банката. Кодовите не смеат да се повторуваат.

Член 7
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 29.05.2008 година.

Сите кодови имаат подеднаква шанса во извлекувањето. Победниците ќе бидат извлекувани автоматски, по принципот на случаен избор од страна на компјутер.

Извлекувањето на сите награди ќе биде јавно, во присуство на тројца официјални претставници и тоа:

  1. Претставник од Комерцијална Банка АД Скопје
  2. Претставник од Маркетинг агенцијата
  3. Нотар од Република Македонија

При секое извлекување за секоја награда ќе биде извлечен еден добитник и еден резервен добитник. Секој учесник во наградната игра може да биде добитник само на една награда. Ако во текот на извлекувањето се случи да било кој од учесниците на било која награда е извлечен повеќе од еднаш, се продолжува со извлекувањето се додека сите добитници не се различни. Извлекувањето на наградите е конечно.

Во случај да во наградната игра учествуваат помал број учесници од вкупниот број награди, секој учесник ќе оствари награда под услови предвидени во член 5.

Член 8
НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра ги нуди следните награди:

НАГРАДИ

Бр. НАГРАДА Кол. Поединечна вредност во денари Вкупна вредност во денари
1 ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА ДВЕ ЛИЦА НА  EURO 2008 во Виена од 25.06.2008 до 27.06.2008 година со вклучен авионски превоз, плус MasterCard сувенир-подарок 1 158,939.00 375,096.00
2 ФУДБАЛСКИ ТОПКИ 25 617.00 15,425.00
3 РАНЦИ 15 721.00 10,815.00
4 КАПЧИЊА 210 131.00 25,510.00
  ВКУПНО НАГРАДИ      
    251   428,846.00

Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се предходно определени. Вкупната вредност на наградниот фонд е 428,846.00 денари. Во случај добитникот на главната награда, при аплицирањето за виза да биде одбиен од Амбасадата на Република Австрија,  ќе се изврши замена  на главната награда во парична приотивредност.

Член 9
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето на наградите  во дневните весници  "Утрински весник"  и  "Дневник", како и на веб страницата на ОРГАНИЗАТОРОТ www.kb.com.mk.

Добитниците на  наградите се должни во рок од 60 дена од денот на објавување  на списокот на  добитници   во     дневните    весници "Утрински весник" и "Дневник"  и на веб страницата на ОРГАНИЗАТОРОТ www.kb.com.mk да ги подигнат наградите.

Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот на следната адреса:

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

СЛУЖБА ЗА БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ

Кеј Димитар Влахов бр. 4

1000 Скопје

Со превземањето на наградите престануваат сите обврски на организаторот на наградната игра спрема добитниците.

Член 10
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

Член 11
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 10,000.00 денари.

Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред предходно доделување на истите.

По доделувањето на наградите, добитниците имаат право да ја пренесат наградата во нејзината целосна вредност на трето лице, кое е полнолетен државјанин на Република Македонија. За преносот на наградата т.е. за проблемите и последиците кои би се појавиле при преносот на наградата, комплетната одговорност ја превзема добитникот т.е. пренесувачот на наградата и лицето на кое наградата е пренесена.

ОРГАНИЗАТОРОТ не превзема одговoрност за настанати проблеми при пренос на наградата од добитникот на трето лице.

Член 12
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до ОРГАНИЗАТОРОТ, врз основа на што неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.

Член 13
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила .

Член 14
ОТСРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата на ОРГАНИЗАТОРОТ www.kb.com.mk и делумно објавени на рекламниот материјал поставен во Филијалите и Експозитурите на ОРГАНИЗАТОРОТ, како и на дел од продажните места со кои ОРГАНИЗАТОРОТ има склучено Договор за прифаќање на картички.

Член 16
ПРОМОЦИЈА НАГРАДНАТА ИГРА

За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве средства:

  1. Рекламни огласи во печатени медиуми
  2. Рекламни пораки на банкоматите на Комерцијална банка АД Скопје
  3. Рекламни пораки на изводите на корисниците на картички
  4. Рекламен материјал поставен во сите Филијали и Експозитури на Комерцијална банка АД Скопје
  5. Рекламен материјал поставен на дел од продажните места со кои Комерцијална банка АД Скопје има склучено Договор за прифаќање на картички.

Член 17
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со исполнување на правилата за учество во наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување а ќе важат до завршувањето на наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.


 
Огласи Односи со јавноста Постави прашање, остави рекламација или пофалба Одговори на најчесто поставувани прашања
© Комерцијална банка АД Скопје сите права задржани Ажурирано на 04.07.2008
Global Finance The Banker 2004