Бесплатен пристап и услуги во VIP ложите на виенскиот и белградскиот аеродром

 

Корисниците на Mastercard® Platinum и CardMastercard® World картичките на Комерцијална банка и нивните придружници имаат ексклузивна можност за бесплатен пристап и бесплатно користење на услугите на Sky, и Jet и Air ложите на меѓународниот аеродром во Виена и Business ложата на меѓународниот аеродром во Белград.

 

Како елитни гости на аеродромот во Виена, корисниците на MasterCard® Platinum и Debit MasterCard® World картичките можат да ги користат Sky, Jet и Air ложите и без надомест да уживаат во:

  • Топол и ладен оброк,
  • Безалкохолни и алкохолни пијалаци,
  • Меѓународни весници и списанија,
  • Бизнис зона со компјутери и печатачи,
  • Бесплатен Wi-Fi,
  • Туш и климатизирани простории,
  • Посебна соба за пушачи,
  • Пристап без физички бариери,
  • Удобни фотелји и други поволности.

 

Jet ложата ќе биде привремено преместена, почнувајќи од 03.09.2018 година во западното крило на меѓународниот аеродром во Виена поради реновирање на постојниот простор.

Air ложата ќе биде привремено преместена, почнувајќи од 22.08.2018 година во источното крило на меѓународниот аеродром во Виена поради реновирање на постојниот простор.

Патниците кои се корисници на MasterCard® Platinum или Debit MasterCard® World картичките на белградскиот аеродром можат без надомест да ја користат Business ложата која става на располагање:

  • Неограничено конзумирање на храна и пијалаци,
  • Бесплатен Интернет,
  • Телевизија,
  • Фотокопир,
  • Голем избор на домашни и странски списанија.

 

За пристапот до ложите не е потребно претходно регистрирање. Единствено корисникот треба да ја покаже платежната картичка од Комерцијална банка и важечка бординг карта.

 

Корисниците на MasterCard® Platinum и Debit MasterCard® World картичките можат да бидат бесплатно придружувани од едно лице, кое нема потреба да покаже платежна картичка и бординг карта.

 

Sky и Jet ложите на виенскиот аеродром се отворени секој ден од 5:30 до 22:00 часот (виенско време), додека Business ложата на белградскиот аеродром е отворена секој ден од 00:00 до 24:00 часот.

Air ложата на виенскиот аеродром е отворена секој ден од 5:30 до 24:00 часот (виенско време).

 

Часовите на отворање и затворање може да зависат од сезонските распореди. За сите детали проверете го интернет-сајтот на виенскиот аеродром односно интернет-сајтот на белградскиот аеродром.