Комерцијална банка АД Скопје


Програма за лојалност - Mastercard® Wizz Air

 

 

Со кредитната картичка Mastercard® Wizz Air имате можност да ги користите привилегиите кои се дел од оваа Програма за лојалност:

  •     Гратис 600 поени за добредојде (Welcome points) при издавање на основната картичка;
  •     Бонус поени со секое купување со картичката:
    •          • 4% од износот на трансакција направена на wizzair.com
    •          • 2% од износот на сите други трансакции;
  •     Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот кој овозможува пониски цени од редовните, за корисникот на картичката и до 5 патници кои патуваат со него, за целиот период на користење на картичката.  

 

Регистрација

 

Преку Вашата  е-mail адреса наведена во Барањето за картичка, Банката ќе Ве регистрира на интернет-страницата на Wizz Air преку отворање нова Wizz Air сметка или преку поврзување со веќе постоечка Wizz Air сметка, зависно од доставената е-mail адреса.

 

Процесот на регистрација трае неколку денови.

 

Групното членство, поените за добредојде и првите бонус поени по издавање на картичката ќе бидат достапни на Вашата Wizz Air сметка, веднаш откако ќе заврши процесот на регистрација на корисникот.

 

 

Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот 

 

Како корисник на оваа картичка, групното членство во WIZZ Discount клубот, кое инаку чини 60 евра годишно, го добивате БЕСПЛАТНО. Повеќе информации за Групното членство можете да добиете на следниот линк: https://wizzair.com/mk-mk/information-and-services/uslugi-na-wizz/wizz-discount-club#/  

 

 

Поени

 

Гратис поените за добредојде и сите бонус поени кои ќе ги соберете преку купување со картичката на продажни места, ќе можете да ги искористите за купување на билети и сите други Wizz Air услуги преку Интернет, преку Вашата Wizz Air сметка. 

 

Вредноста на 1 (еден) поен е еднаква на 1 (еден) денар.

 

Банката ќе врши автоматски пренос на поени на Вашата Wizz Air сметка следниот работен ден по датумот на книжењe на трансакцијата направена со Mastercard® Wizz Air картичката.


Рокот на важност на поените е 24 месеци, сметано од денот на нивно евидентирање на Вашата Wizz Air сметка.