Сопственички права
Содржините на оваа интернет-страница се во сопственост на Комерцијална банка АД Скопје и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права. Секое копирање, репродукција, модифицирање, пренесување, дистрибурирање или користење на податоците и информациите, како и други изведби на содржините, не е дозволено без одобрение на Банката.
Секој упад или злоупотреба на интернет-страницата на Комерцијална банка АД Скопје е казниво согласно Кривичниот законик на Република Македонија.
Услови за користење
Податоците и информациите објавени на оваа интернет-страница се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување. Комерцијална банка АД Скопје го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет-страницата. Банката не гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не ја презема одговорноста за неправилната употреба на овие содржини.
Секој што е заинтересиран за некој производ или услуга од Банката, а кои се претставени на оваа интернет-страница, треба да ја контактира Комерцијална банка АД Скопје за да се распраша за условите и трошоците за соодветниот производ, односно услуга.
Исклучување од одговорност
Банката не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од интернет-страницата, како што се губење на информација, штета на услуга, софтвер и слично.
Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на Комерцијална банка АД Скопје и затоа Банката се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање на истата. Вклучувањето на кој било линк/врска не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на Комерцијална банка АД Скопје.