КБ лого
 
Насловна English  
  Активни корисници: 27

27.06.2008 ГОДИНА-С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно Одлуката за зголемување на почетниот капитал на Комерцијална банка АД Скопје со V-та емисија на акции, донесена од Собранието на Банката на 25.03.2008 година, Надзорниот одбор на Банката, на 4-та седница, одржана на 26.06.2008 година, донесе одлука за одредување на бројот и цената на акциите од V-та емисија издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Со оваа одлука утврдено е дека Банката ќе издаде 471.000 акции од V-та емисија, со поединечна цена од 6.515,00 денари по акција.

Комерцијална банка АД Скопје

25.06.2008 ГОДИНА – УШТЕ ЕДНА НОВА ЛОКАЦИЈА НА БАНКОМАТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

Новата локација на банкомат на Комерцијална банка АД Скопје се наоѓа во: Струга, Царински терминал “Југотранс”, во експозитурата на Банката.

16.06.2008 - НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА БАНКАТА ВО СТРУГА

Од 16.06.2008 година ќе започне со работа нова експозитура на Комерцијална банка АД Скопје-Експозитура Терминал Струга, лоцирана во дел од просторот на Царинскиот Терминал ,,Југотранс,, во Струга.
Експозитурата ќе извршува активности од областа на работа со население, платен промет во земјата и други банкарски активности.

29.05.2008 – РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА НАГРАДНАТА ИГРА “КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ВЕ НОСИ НА EURO 2008”

На 29.05.2008 година во присуство на тричлена комисија составена од преставник на Комерцијална банка АД Скопје, нотар и претставник од Друштвото за маркетинг, реклама и пропаганда ДООЕЛ Скопје АВА ДДБ, извлечени се следните добитници:

ПРВА НАГРАДА - Целосен пакет аранжман за две лица на EURO 2008 во Виена од 25.06.2008 до 27.06.2008 година со вклучен авионски превоз, плус MasterCard сувенир - подарок

1. Пенка Чудо, код 000007960
повеќе...

28.05.2008 - МИНИМАЛНО, СЕЛЕКТИВНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Во изминатиот период од годината, како резултат на зголемена инфлација во Република Македонија од страна на НБРМ во три наврати беше извршено зголемување на каматните стапки на благајничките записи. Комерцијална банка АД Скопје при првото и при второто зголемување на каматните стапки на благајничките записи не изврши зголемување на своите каматните стапки, преземајќи на себе дел од зголемените трошоци. Сепак, по третото зголемување на каматните стапки на благајничките записи и порастот на инфлацијата која во април изнесуваше 10,1%, Банката се одлучи за селективно зголемување на активните и пасивните каматни стапки, почнувајќи од 01.06.2008 година, водејќи притоа сметка за својата конкурентска позиција.

Со оглед дека Банката на 01.01.2008 година ги зголеми пасивните каматни стапки на населението, од 01.06.2008 година Банката ќе изврши зголемување на одредени пасивни каматни стапки на правни лица за 0,5 процентни поени.

Кај населението нема да се сменат каматните стапки кај кредитите кои имаат квалитетно обезбедување и тоа станбените, автомобилските и потрошувачките кредити обезбедени со залог на хартии од вредност или залог на депозит, а ќе се изврши зголемување на каматните стапки на потрошувачките кредити обезбедени со меница за 0,5 процентни поени, како и зголемување на каматните стапки на негативните салда на кредитните картички и тековните сметки за 1,0 процентен поен.

Кај правните лица ќе се изврши зголемување само на каматните стапки на денарските кредити од 0,5 процентни поени, со исклучок на денарските кредити обезбедени со паричен депозит.

Ваквото зголемување на каматните стапки за клиентот ќе предизвика минимално зголемување на месечната камата во апсолутен износ, а како илустрација може да послужат следните примери:

1. Кај кредити на физички лица, одобрени со рок на враќање од 7 години, зголемувањето на месечната камата
- за износ од 150.000,00 денари ќе изнесува 61,00 денари;
- за износ од 300.000,00 денари, ќе изнесува 123,00 денари;
- за износ од 480.000,00 денари, ќе изнесува 197,00 денари;

За искористено дозволено пречекорување од 50.000,00 денари по тековна сметка, зголемувањето на месечната камата ќе изнесува 40,98 денари.

1. Кај кредити на правни лица, зголемувањето на месечната камата
- на износ од 1.000.000,00 денари, ќе изнесува 416,67 денари;
- на износ од 5.000.000,00 денари, ќе изнесува 2.083,33 денари;
- на износ од 10.000.000,00 денари, ќе изнесува 4.166,67 денари;
- на износ од 50.000.000,00 денари, ќе изнесува 20.833,33 денари.

20.05.2008 ГОДИНА- КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СПОНЗОР НА ЛИКОВНАТА ИЗЛОЖБА НА СИМОН АПОСТОЛСКИ – “ПАДНАТИТЕ АНГЕЛИ”

Комерцијална банка АД Скопје е Спонзор на ликовната изложба насловена како “Паднатите ангели” – проект кој е во рамки на програмата на културни настани од национален интерес на Министерството за култура на Република Македонија.

Најновиот проект на ликовниот уметник Симон Апостолски, со наслов “Паднатите ангели” опфаќа портрети и фигури на црномурести деца поставени во одредени метафизички, интернационално несовпаѓачки средини и пејсажи. Контрастот лежи во реалистичкиот третман и апострофирањето на конкретните фацијални карактеристики на статусот, на социјалното ниво на развој на овие невини лица – паднати ангели.

14.05.2008 ГОДИНА – НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА БАНКАТА ВО ШТИП

Од 14.05.2008 година започнува со работа новата експозитура на Комерцијална банка АД Скопје во Штип, која ќе работи во склоп на новиот трговски центар Туш.
Експозитурата ќе извршува активности од областа на работа со население, платен промет во земјата и други банкарски работи.

12.05.2008 ГОДИНА – ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТАВЕН DRIVE UP БАНКОМАТ

На бензиската пумпа на Макпетрол (во близина на Веро – Тафталиџе) Комерцијална банка АД Скопје го постави својот 100-ти банкомат и првиот drive up банкомат во Македонија. Drive up банкоматот е осветлен со прилагоден пристап за возачите на моторни возила кои воопшто не мора да го напуштаат своето возило за да извадат готовина од банкоматот во било кое време на денот и ноќта.









09.05.2008 СООПШТЕНИЕ – ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ

со состојба 31.12.2007 година
објавени на 08.05.2008 година


Врз основа на Одлуката на Народна банка на Република Македонија за објавување извештаи и податоци од страна на Банката (Службен весник бр.134/2007), Комерцијална банка АД Скопје објавува ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба 31.12.2007 година објавени на 08.05.2008 година.

07.05.2008 - КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ - ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е спонзор на 36-те Мајски оперски вечери 2008, меѓународна манифестација што се организира од страна на Македонската опера и балет во периодот од 09.05-31.05.2008 година.

На манифестација ќе земат учество познати домашни и светски оперски пејачки имиња и диригентски уметници. Мајските оперски вечери ќе бидат отворени со операта Цар Самуил, режирана од познатиот Орњан Драганов.

07.05.2008 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ - ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА КОНЦЕРТОТ НА БИЉА КРСТИЌ И БИСТРИК ОРКЕСТАР

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален спонзор на концертот на Биља Крстиќ. Големата балканска музичка дива Биља Крстиќ со нејзиниот бенд Бистрик ќе одржи концерт на 10-ти мај 2008 година во Универзалната сала во Скопје.

Биља Крстиќ е најпознатото име на балканската етно сцена, популарна и почитувана на целиот Балкан, со исклучително успешна меѓународна кариера.

06.05.2008 - КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ - НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2008 ГОДИНА

Магазинот Global Finance, кој оваа година ја прославува 21та годишнина од своето постоење, по петти пат ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија.
Уредниците на Global Finance во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и банкарски консултанти ги прогласија најдобрите банки на новите пазари во 21 земја од централна и источна Европа врз основа на следните критериуми: пораст на активата, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи.
Магазинот Global Finance има 50.000 претплатници и повеќе од 284.000 читатели во повеќе од 158 земји во светот. Дел од овие читатели се директори, претседатели, главни извршни директори и главни финансиски директори на водечки компании и финансиски институции во светот.
Наградата на Комерцијална банка АД Скопје свечено ќе и биде врачена на свеченоста организирана од страна на магазинот Global Finance, на 13.10.2008 година во Вашингтон.

29.04.2008 - КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ – УЧЕСНИК ВО НАЈДОБРАТА ФИНАНСИСКА ЗДЕЛКА ВО 2007 ГОДИНА

Проектот ТЕ-ТО на LandesBank Berlin (LBB) е прогласен за најдобра финансиска зделка во 2007 година и тоа од страна на две реномирани списанија, Global Trade Review и Trade Finance Magazine. Брзината со која Комерцијална банка АД Скопје, како учесник во зделката, ја издаде девизната гаранција, е еден од клучните фактори за успешната реализација на оваа врвна финансиска зделка. Ова признание претставува уште една потврда за лидерската позиција на Комерцијална банка АД Скопје на пазарот, но и мотив за понатамошни достигнувања.

18.04.2008 - КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ НАЈТРАНСПАРЕНТНА КОТИРАНА КОМПАНИЈА

„Кристално ѕвоно” за Комерцијална банка

На Деветтата годишна конференција на Македонската берза, што се одржа во Охрид од 10 до 12 април, а која имаше меѓународен карактер, беше доделена и традиционалната награда „Кристално Ѕвоно„. Едногласно и по предлог на две независни комисиии наградата оваа година ја доби Комерцијална банка АД Скопје.

Во изјавата од комисијата за доделување на наградата се вели:

„ Имајќи го предвид квалитетот на целокупното известување во текот на 2007 година, Изборната комисија одлучи за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза за 2007 година да ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје, чиј број и квалитет на објавени известувања, а особено високото почитување на Правилата за котација на Македонската берза и котирањето на подсегментот Супер котација може да претставува пример и поттик и за останатите компании„.

Изјава



16.04.2008 ГОДИНА – СПОНЗОР НА ПРОЕКТОТ “ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2008 – САЕМ НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА”

Проектот Образовно Рандеву 2008 – Саем е традиционалната најголема средношколска манифестација што се организира 3-та година од страна на УСАИД и МАССУМ. 70 излагачи од 17.04.2008 година до 19.04.2008 година ќе имаат можност да ги презентираат своите училишта и резултати. Планирани се над 50.000 посетители.
Спонзорирањето на проектот од Комерцијална банка АД Скопје е уште една потврда дека Банката поддржува проекти кои го унапредуваат средношколскиот образовен процес и се во насока на зајакнување на врската меѓу едукативниот и бизнис секторот.
Комерцијална банка АД Скопје заедно со КБ Прво пензиско друштво ќе додели четири штедни книшки на најдобрите ученици.

02.04.2008 – УШТЕ ДВЕ НОВИ ЛОКАЦИИ СО БАНКОМАТИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Новите две локации на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје се наоѓаат во: Битола во деловните простории на трговскиот центар на ул. Васко Карангелески” ламела 3, деловен простор 71 и во Скопје во приземјето на трговскиот центар Сити Галери, Плоштад Македонија. Со новоинсталираните вкупниот број банкомати сега е 99.

25.03.2008 ГОДИНА – ОДРЖАНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БАНКАТА

Денес, 25.03.2008 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2007 година со најголема бруто добивка во историјата на своето работење, во износ од 1.069 милиони денари. По пресметувањето на данокот од добивка од 57 милиони денари, нето добивката на Банката изнесува 1.012 милиони денари. Заедно со нераспределената добивка од претходните години, акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на вкупната нераспределена добивка во износ од 1.146 милиони денари Акционерите ја утврдија и дивидендата за приоритетните акции од 9,5% од номиналната вредност на акцијата, а за обичните акции во висина од 19% од номиналната вредност на акцијата. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката , акционерите одлучија дел од добивката во износ од 766,4 милиони денари, да се издвои во резерви, и донесоа Одлука за зголемување на почетниот капитал на Банката со V-та емисија на акции, при што продажната вредност на емисијата ќе изнесува над 3 милијарди денари.
На Собранието беа усвоени, покрај финансиските извештаи и Годишната сметка на Банката за 2007 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2008 година. Усвоен е и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

19.03.2008 - ЧЕТИРИ НОВИ ЛОКАЦИИ СО БАНКОМАТИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Комерцијална банка АД Скопје за своите комитенти постави уште четири нови банкомати на следните локации: Куманово во просториите на наплатниот центар на ЈП Водовод и ЈП Чистота и зеленило; во Штип во деловните простории на супермаркетот на Макпромет АД Штип; во Тетово во просториите на Комунапроект; во Скопје во просториите на експозитурата Чешма.
Вкупниот број банкомати на Комерцијална банка АД Скопје сега е 97.

12.03.2008 - КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА “КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на конференцијата “Корпоративно управување”, што се одржува денес, во хотелот Александар Палас, во организација на Капитал и IFC. Тема на оваа конференција се придобивките на корпоративното управување и искуствата во неговото практицирање. Предавачи на Конференцијата ќе бидат следните: МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА, член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје и директор на Сектор за управување со ризици и планирање, ЛЕОНАРДО ПЕКЛАР, претседател на Управен одбор на Socius Consulting, Словенија, ДРЕНИСЛАВ ЖЕКИЧ, заменик претседател на Управниот одбор на “Подравка”, Хрватска, ЈЕЛЕНА ПЕТКОВИЌ, извршен директор на “Тигар”, Србија, ОЛИ ВИРТАНЕН, член на Финското здружение на професионални членови на управни одбори и член на Меѓународниот форум за корпоративно управување, ЕЛЕНА ЈАКИМОВСКА ПЕТРОВСКА, извршен директор на Македонска берза, ГОРАН КОЕВСКИ, професор на Правен факултет, АЛЕКСАНДАР МАНЕВ, извршен директор на “Илирика Фунд Менаџмент”, ЗОРИЦА СЕМЕНКОВА, Комисија за хартии од вредност, ВЕСНА ГОГОВА, “Адинг” и КИРИЛ НЕЈКОВ, International Finance Corporation.

11.03.2008 - ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно Одлуката на Владата на РМ, соопштението од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со организирањето на активности за пошумување на Република Македонија, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема да работи на 12.03.2008 година.

Врз основа на Известувањето на НБРМ за функционирање на МИПС –платниот систем на Република Македонија и девизното работење со странство, Комерцијална Банка на 12.03.2008 година определи дежурни експозитури и тоа: Ѓорче Петров, Лептокарија, Буњаковец, Трговски центар, Бисер и Автокоманда, со работно време од 7.30 до 13.30 часот.

Во Централата на Банката дежурните шалтери ќе работат од 07.30 до 16.30 часот.

Дежурството за девизниот платен промет е во Централата на Банката

ЕЛЕКТРОНСКАТА БАНКА на Комерцијална Банка АД Скопје функционира 24 часа.

Шалтерите на Филијалите и Експозитурите низ Републиката ќе дежураат со работно време како во саботите

07.03.2008 - НОВО ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ – КРЕДИТ ЗА УЖИВАЊЕ

Со цел да ги задоволи потребите на своите клиенти Комерцијална банка АД Скопје воведе нов наменски кредит - кредит за уживање , со најповолни услови и тоа:
- кредит од 20.000,00 до 60.000,00 денари - без жирант
- кредит од 60.000,00 до 200.000,00 денари - со еден жирант

07.03.2008 - НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

Од 13.03.2008 година ќе започне со работа нова експозитура во Скопје, Чешма која се наоѓа на ул.Сава Ковачевиќ бб. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 07:30 до 19:00 часот, а во сабота од 07:30 до 13:30 часот.

Архива :
 
Огласи Односи со јавноста Постави прашање, остави рекламација или пофалба Одговори на најчесто поставувани прашања
© Комерцијална банка АД Скопје сите права задржани Ажурирано на 04.07.2008
Global Finance The Banker 2004