|
|
|
|
| |
Активни корисници: 36 |
|
|
|
| |
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ - НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2008 ГОДИНА
Магазинот Global Finance, кој оваа година ја прославува 21та годишнина од своето постоење, по петти пат ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија.
Уредниците на Global Finance во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и банкарски консултанти ги прогласија најдобрите банки на новите пазари во 21 земја од централна и источна Европа врз основа на следните критериуми: пораст на активата, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи.
Магазинот Global Finance има 50.000 претплатници и повеќе од 284.000 читатели во повеќе од 158 земји во светот. Дел од овие читатели се директори, претседатели, главни извршни директори и главни финансиски директори на водечки компании и финансиски институции во светот.
Наградата на Комерцијална банка АД Скопје свечено ќе и биде врачена на свеченоста организирана од страна на магазинот Global Finance, на 13.10.2008 година во Вашингтон.
ТРИ НОВИ НАГРАДИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Списанието “FINANCE CENTRAL EUROPE” ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија според јачина на активата, принос на капитал (ROE) и бруто добивка во 2007 година.
“FINANCE CENTRAL EUROPE” е прво специјализирано списание посветено само за пазарите на централна и источна Европа, со тираж од 43000 броја.
Рангирањето го извршија еминентни аналитичари според ревидираните финансиски извештаи, како и врз основа на добиените дополнителни информации од банките.
Комерцијална банка АД Скопје е веќе добитник на многу награди од реномирани финансиски списанија, четворократен добитник на престижната награда “Банка на годината” , што ја доделува списанието “Тhe Banker” и трикратен добитник на наградата “Најдобра банка во Македонија” од магазинот “Global Finance”.
Овие награди претставуваат уште една потврда за лидерската позиција на Комерцијална банка АД Скопје на пазарот, но и мотив за понатамошни достигнувања.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ – НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2007 ГОДИНА СПОРЕД МАГАЗИНОТ GLOBAL FINANCE
Реномираниот њујоршки магазин Global Finance по четврти пат ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Република Македонија за 2007 година.
Комерцијална банка АД Скопје е избрана за најдобра банка во Македонија според критериумите кои вклучуваат пораст на средствата, профитабилност, стратешки партнерства, услуги на комитентите, конкурентски цени и нови производи.
Global Finance се издава дваесет години и има 50 илјади претплатници и повеќе од 250 илјади читатели во повеќе од 158 земји. Со помош на познати индустриски аналитичари, извршни директори и банкарски консултанти по четиринаесети пат ги избра најдобрите банки во регионот и во 21 земја во централна и источна Европа.
Регионален победник оваа година е RZB и Raiffeisen International.
Наградата на Комерцијална банка АД Скопје свечено ќе и биде врачена на свеченоста организирана од магазинот Global Finance на 22.10.2007 година во Washington за време на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.
MАГАЗИНОТ GLOBAL FINANCE ПО ТРЕТПАТ ЈА ИЗБРА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2006 ГОДИНА
Реномираниот њујоршки магазин Global Finance кој што се издава деветнаесет години и кој брои 50 илјади претплатници и повеќе од 250 илјади читатели во преку 158 земји, со помош на познати индустриски аналитичари, извршни директори и банкарски консултанти, по тринаесетти пат ги прогласи најдобрите банки во регионот и во 22 земји во централна и источна Европа.
Комерцијална банка АД Скопје е избрана за најдобра банка во Македонија според критериумите кои вклучуваат пораст на средствата, профитабилност, стратешки партнерства, услуги на комитентите, конкурентски цени и нови производи.
Регионален победник оваа година е Bank Austria Creditanstalt.
Комерцијална банка АД Скопје е водечка банка во Република Македонија, четворократен добитник на престижната награда “Банка на годината” што ја доделува списанието The Banker и трикратен добитник на наградата “Најдобра банка во Македонија” од магазинот Global Finance.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ – ПО ВТОРПАТ НАЈДОБРА
БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2005 ГОДИНА СПОРЕД МАГАЗИНОТ
GLOBAL FINANCE
Оваа година, магазинот Global Finance по вторпат ја избра Комерцијална банка
а.д. Скопје за најдобра банка во Македонија за 2005
година.
Реномираниот њујоршки магазин Global Finance кој што се издава осумнаест години
и кој брои 50 илјади претплатници и повеќе од 250 илјади
читатели во преку 158 земји, со помош на познати индустриски
аналитичари, извршни
директори и банкарски консултанти, по дванаесетти пат
ги прогласи најдобрите банки на новите пазари (економии
во транзиција) во централна и источна
Европа.
Комерцијална банка а.д. Скопје е избрана за најдобра банка во Македонија
според критериумите кои вклучуваат пораст на средствата, профитабилност,
стратешки партнерства, услуги на комитентите, конкурентски
цени и нови производи. Регионален победник оваа година, како и минатата е
Raiffeisen Zentralbank.
Свеченото доделување на наградата на Комерцијална банка а.д. Скопје ќе се одржи
на 26 септември 2005 година во Вашингтон, на церемонијата
организирана од страна на магазинот Global Finance,
за време на Годишното собрание
на Меѓународниот монетарен фонд/Светска банка (IMF/World
Bank).
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ-НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2004 ГОДИНА СПОРЕД МАГАЗИНОТ
GLOBAL FINANCE
 |
Реномираниот њујоршкиот магазин ”Global Finance”, со помош на познати индустриски аналитичари, извршни
директори и банкарски консултанти ги прогласи најдобрите банки на новите пазари (економии во транзиција) во
источна Европа и централна Азија.
Единаесет години по ред магазинот избира најдобри банки на новите пазари (економии во транзиција), а оваа
година за прв пат се бираше најдобра банка во Македонија.
Комерцијална банка а.д. Скопје е избрана за најдобра банка во Македонија според критериумите кои вклучуваат
пораст на средствата, профитабилност, стратешки партнерства, услуги на комитентите, конкурентски цели и нови
производи.
Регионален победник оваа година е Raiffeisen Zentralbank.
Свеченото доделување на наградата на Комерцијална банка а.д. Скопје ќе се одржи на 04.10.2004 година, на
церемонијата организирана од магазинот Global Finance, за време на Годишното собрание на Меѓународниот
монетарен фонд.
|
|
|
| |
|
|
| © Комерцијална
банка АД Скопје сите права задржани |
Ажурирано на 04.07.2008 |
|
|
|