КБ лого
 
Насловна English  
  Активни корисници: 32
 

ИНФОКИОСЦИ

Инфокиосците се модерни, алтернативни канали на дистрибуција, базирани на современи компјутерски и мрежни технологии. Тие се флексибилни комуникациски алатки дизајнирани со цел да им овозможат на комитентите кои влегуваат во банкарските филијали и експозитури да добијат најнови информации за производите и услугите што ги нуди Банката, да печатат дел од истите, како и да користат услуги на Интернет банка.
Touchscreen-овите односно екраните за допир се замена на класичните тастатури. Корисникот, преку допир на одредена икона на мониторот доаѓа до потребните информации. На екранот на инфокиоскот се наоѓаат следните икони: Општи информации, Производи и услуги за граѓани, Производи и услуги за трговски друштва, Интернет банка, Курсна листа, Каматни стапки и Предлози, рекламации и пофалби.

Упатство за користење

На пример, со допир на екранот на иконата Општи информации се појавуваат следните наслови: Профил и мисија на Банката, Адреси и работно време, Актуелно и КБ на Интернет. Со допир на било кој наслов се појавуваат сите информации поврзани со истиот.

Локации на инфокиосците: Централа на Комерцијална банка АД Скопје-шалтер сала за тековни сметки; Експозитури на Банката во Скопје: ГТЦ, Буњаковец, Автокоманда, Карпош III и Јане Сандански 1; Филијали на Банката: Струмица, Охрид, Штип и Прилеп.

 
Огласи Односи со јавноста Постави прашање, остави рекламација или пофалба Одговори на најчесто поставувани прашања
© Комерцијална банка АД Скопје сите права задржани Ажурирано на 20.08.2008
Global Finance The Banker 2004