Политика за приватност на Комерцијална банка АД Скопје

 

 

Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во Комерцијална банка АД Скопје.

 

Оваа политика  ги објаснува видовите на информации кои може да ги собереме и задржиме,  при користење на мобилна апликација на Банката, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да не контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.

 

Оваа Политика е во согласност со Правилата за заштита на личните податоци

 

Информации кои се собираат при користење на мобилна апликација:

 

·         Лични податоци, информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на Банката, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.

·         Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот, како што е Вашата IP адреса, домен, типот на мобилниот уред кој го поседувате како и технички информации за конекцијата што ја користите, како што се Оперативен систем, испорачувач на интернет услугата или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.

·         Информации за физичката локација на Вашиот уред. На пример, кога користите услуга локатор на најблиски банкомати и сте дале согласност за споделување на Вашата локација.

·         Со регистрацијата, активирањето на апликацијата, и дигитализација на картичката Корисникот одобрува неговите податоци да бидат евидентирани во uPaid Payment Solutions на сертифицираната PCI DSS платформа, како посредник и опслужувач на Банката за мобилната апликација KomPay.

Согласноста се однесува за следните податоци:

o   Email адресата,  за регистрација на корисникот во апликацијата;

o   Phone, дозвола за пристап до податоци на мобилниот уред преку оперативниот систем на уредот. (Device ID(s), Phone number. Device ID & call information may include the ability to read phone status and identity.);

o   Број на картичка, Датум на истекување, Назив на картичка, (Card number, Expiration date, Card nickname,), при дигитализација и/или овозможување на картичка.

 

Како Банката ги користи собраните податоци

 

Банката може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини и тоа:

·         Да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува;

·         Да обезбеди грижа за клиентите;

·         Да Ве праша за мислење во врска со производите и услугите на Банката и за спроведување на анкети во врска со производите;

·         Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Банката и нејзините производи и услуги;

·         Да реализира наградни игри, натпревари и други промотивни понуди;

·         Помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите;

·         Банката има право да ги проверува подесувањата на мобилниот уред кои Корисникот ги прифатил во моментот на преземањето на апликацијата, при најавувањето или при користењето на апликацијата за мобилно плаќање KomPay.

 

Дополнително собраните податоци се користат за:

·         Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашите производи и услуги;

·         Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;

·         За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

 

 

Споделување на информации

 

Банката не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.

 

 

Меѓународни трансфери на Вашите информации

 

Во согласност со важечките прописи, а врз основа на Ваша согласност при користење на производите и услугите на Банката Вашите информации може да бидат пренесени во други земји. (пр. при вршење на плаќање со картички во странство, платен промет со странство).

 

 

Рекламни комуникации

 

При склучување на деловен однос со Банката за користење на производите и услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Банката. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Банката.  

Добивањето на рекламен материјал и известувања од Банката може да ги откажете во секое време, со поднесување на писмена Изјава на шалтерите на Банката.

 

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Банката кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

 

Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите информации

 

Банката ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

Што треба да направите за да ги заштитите Вашите информации

 

Како општа најдобра практика за користење на мобилна апликација, Ви препорачуваме:

 

·         Користете ги вградените опции за заклучување на екранот на мобилниот уред - password, fingerprint, PIN, pattern или сл.;

·         Не користете иста лозинка за различни апликации и уреди;

·         Обратете внимание на физичката безбедност на мобилните уреди бидејќи, како и секој друг предмет од вредност, мобилните уреди се мета на крадци или едноставно можат да бидат изгубени;

·         Дозволувајте употреба на Вашиот мобилен уред само на лица во кои имате доверба;

·         Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги;

·         Инсталирајте апликации само од официјалните извори на апликации;

·         Редовно инсталирајте ги најновите верзии на оперативниот систем што ги нуди производителот, како и најновите верзии на инсталираните апликации;

 


Пристап до Вашите информации и Вашите права

 

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци  ги обработува Банката, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на шалтерите на Банката.

Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на шалтерите на Банката или тоа да го направите преку Интернет банката ако сте корисник на истата.

Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите преку шалтерите на Банката до Офицерите за заштита на личните податоци во Банката.

 

Прифаќање на условите


Со користењето на мобилната апликација, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Комерцијална банка АД Скопје.

Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме не ја користете оваа апликација.


Контактирајте не


Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Комерцијална банка АД Скопје при користењето на мобилната апликација на Банката, Ве молиме контактирајте не на:

Комерцијална банка АД Скопје
ул. Орце Николов бр.3

contact@kb.com.mk