|
Прашање:
Може ли едно појаснување во врска со орочените штедни влогови? На пример да орочам 100.000 денари на 12 месеци.Каматната стапка е 7,8%.Дали таа камата се пресметува на месечно ниво и секој месец од каматата би добивал по 7800 ден или пак таа камата е на годишно ниво и секој месец би добивал по 0,65% од уплатениот износ односно 650 денари?
Одговор:
Почитувани,
Каматните стапки на штедните влогови се годишни и променливи.Каматата на штеден влог од 100.000,00 денари орочени на 12 месеци изнесува 7.800,00 денари на годишно ниво.
Срдечен поздрав
Прашање:
Дали добивањето корисничко име и лозинка за следење на сметката преку интернет се наплаќа?
Одговор:
За добивање корисничко име и лозинка за следење на сметка преку интернет Комерцијална банка АД Скопје не наплатува.
Срдечен поздрав
Прашање:
Ме интересира само кој курс на доларот го следите, затоа што на светски пазар, доларот во однос на еврото вчера беше 1,5554 а со сегашниот курс изнесува 1,57.
Одговор:
Секогаш се следи движењето на доларот во тек на целиот ден согласно движењата на FX market-от - светска берза…
Значи вредноста е секогаш моментално актуелна и се котира (променлива соглсно светските пазарни движења)...
Вредноста во курсната листа/ и на Банката е индикативно фиксна и не е одраз на реалните актуелни вредности на доларот во тековниот ден. Курсната листа за менувачко и курсната листа за девизи си имаат своја карактеристика индивидуално... Поради комплексноста на девизниот Пазар генерално (за физички и правни лица), ако е потребно стојам на располагање за подетални објаснувања согласно регулираната интерна процедура на соодветните активности/операции...
Со почит,
Deposits operation department
Ljupco Kotevski,manager
Прашање:
Ме интересира ако може да ми кажете како можам да платам пари на странска сметка,се работи во случајов за сметка во Словенија на друга банка, дали треба да имам некаква сметка отворено или само да отидам во некоја од вашите филијали и да уплатам?
Одговор:
Почитуван г-дине,...
За трансфер на пари во странство,потребно е да поседувате девизна сметка или книшка и на која ќе треба потребниот износ за испраќање да го ставите на таа сметка/ книшка.Книшката може да ја отворите во сите наши експозитури,а девизните сметки можете само во централата во Скопје и во нашите филијали и еспозитури низ републиката.
Освен ова потребни Ви се и инструкции за трансфер т.е.име на примачот, адреса, сметка, IBAN број ако сметката е во некоја западноевропска банка, SWIFT oznaka на банката каде клиентот има сметка.
Втора работа е дали примачот е физичко лице или правно лице,ако е физичко тогаш можете да му испратите максимум 2.500 EUR месечно додека ако е правно тогаш може и поголем износ но за кој ќе треба да имате и одредени документи,фактура,договор или друго од каде евидентно ќе се гледа што се плаќа.За ова подетално можете да се обратите на тел.3107-186, 3107-185, 3107-421, 3107-336 или на овој meil
Со почит,
Deposits operation department
Ljupco Kotevski,manager
Прашање: Јас сум Виктор и сакам да прашам што значи ова ( Bank Routing Number / Swift Code or Sort Code) оти треба да ми префрлат пари на девизната сметка.
Одговор:
Почитуван г-дин Калифов,
Акронимoт SWIFT служи за меѓународно препознавање на банките во светот кои го користат системот т.е. услугите на SWIFT плаќање.
На секоја банка (скоро сите банки во светот го користат овој систем) и е доделен специфичен SWIFT или BIC CODE нашиот е KOBSMK2x
Terminate Sort code ili Routing number го користат англосаксонските банки и служи за нумерирање на нивните филијали за побрзо препознавање.
Нашиот банкарски систем не поседува вакви броеви.
За да добиете пари доволно е да го кажете нашиот SWIFT и вашата сметка и вашите генерални податоци име презиме... и.т.н.
Со почит
Прашање:
Девизно оделение
Почитувани,
Имам една моја пријателка која сака своето наследство преку мене да го инвестира во Македонија. Се работи за околу 53 милиони американски долари. Можете ли да ми помогнете овие пари да ги донесеме во Македонија и која е постапката.
Податоци за нејзината банка ......
Молам да бидам хитно известен .
Поздрав и благодарам
Одговор:
Почитуван г-дин ...
Самиот трансфер на пари не е некоја пречка,само што лицето кое треба да инвестира ќе треба да отвори сметка во некоја банка во Р.Македонија и истата да ја соопшти на лицето што треба да ги испрати парите.На тој начин парите ќе стигнат во Р.Македонија.Каде и кога ќе ги инвестира парите е одлука на клиентот и тоа бара сосема друг пристап и други информации за начинот како тоа да се направи.
Со почит
Deposits operation department
Прашање: Здраво,
Ме интересира за колку време ќе стигнат парите во Финска на физичко лице доколку пратам и колку е провизијата за праќање на 1500 евра?
Поздрав
Однапред Ви благодарам
Бојан
Одговор: Вообичаено време за трансфер на пари во странство е 2 дена. Но има можност да пристигнат и за еден ден само ако налогот е даден во банката најкасно до13 часот.
Трошоците за трансфер на 1500,00 EUR се следниве:
Наши трошоци:
0,15% од износот или мин.250,00 МКД + 350 МКД за swift трошоци.
Следат дополнителни трошоци на странските банки кои во просек изнесуваат 15 EUR во зависност од варијантата што е одбрана при пуштањето на парите кои можат да бидат
Со OUR- значи наши т.е.на испраќачот
BEN- значи на корисникот на парите
SHA- или да се поделат.
За дополнителни прашања можете да се јавите во Службата за платен промет со странство на тел. 3107-186, 3107-185, 3107-183 и 3107-336.
Прашање: Почитувани,
Би сакала да Ве прашам дали постои минимална сума на средства која може да ја испрати странско лице на мојата девизна сметка во Вашата банка и ако постои колку изнесува?
Однапред Ви благодарам,
Елена
Одговор: Почитувана Елена,
Согласно сегашната законска регулатива, не постои никакво ограничување на износот што резидент на Р.Македонија може да го прими од странство т.е. од нерезидент физичко лице.
Поздрав,
Deposits operation department
Котевски Љупчо
Прашање:
Би сакал кај Вас да отворам орочена штедна книшка, а не сум во можност овие денови лично да дојдам во некоја од Вашите банки па ме интересира колку е минималниот влог и дали може истиот да се орочи на 8 или 9 месеци, колку би била каматата и може влогот т.е.книшката да биде девизна или може и денарска. Чекам Ваш одговор
Веновски Михајло
Одговор: Почитуван г-дин Веновски,
Во нашата Банка можете да орочите денари и девизи.
Во зависност од тоа кој вид на орочување ќе одберете, зависи и минималниот влог на орочување.
Орочувањето можете да го направите во било која од нашите експозитури и филијали низ Р. Македонија и Скопје.
За се што не ви е јасно јавете се на овој meil или на тел.3107-432, 3138-050
Исто така можете да ја посетите и нашата web страна www.kb.com.mk
Поздрав,
Deposits operation department
Котевски Љупчо, manager
Прашање:
Ме интересира дали ако имам орочен штеден влог на пример, на 6 месеци можам да го раскинам тој договор и да си ги повлечам парите пред да истечат 6 месеци и во тој случај колкава камата ќе ми биде пресметана за поминатиот период во кој ми биле орочени парите?
И дали ако имам орочено на 6 месеци (на пример) ќе мора на секои 6 месеци да доаѓам и да склучам нов договор за наредните 6 месеци или пак автоматски се продолжува за следните 6 месеци затоа што не сум побарал раскинување на договорот?
Одговор: Почитуван г-дин,
Ако имате влог на 6 месеци и средствата ги повлечете пред истекот на рокот тогаш банката ќе ви пресмета камата по каматна стапка „по видување“. Договорот за орочување на денарски и девизни штедни влогови содржи клаузула за автоматско преорочување т.е.нема потреба да доаѓате во банката за склучување нов договор.
Поздрав,
Deposits operation department
Котевски Љупчо, manager
Прашање: Во моментов работам во Ирак и мојата плата пристигнува на мојата девизна книшка што ја имам во вашата банка. Сакав да прашам дали е можно и како можам да ја проверувам мојата состојба на мојата сметка на Интернет.
Ви благодарам
Одговор: Почитуван г-дин Стојановски,
За да можете да ја пратите состојбата на Вашата девизна сметка ќе биде потребно да ви генерираме User name и Password на Вашата сметка.
За таа цел ќе биде потребно да контактирате со Службата за платен промет со странство каде ќе го соопштите бројот на Вашата сметка за да можеме да ви дадеме потребните податоци.
Контактот можете да го остварите на Mirjana.Gerik@kbnet.com.mk, Tanjas@kbnet.com.mk, Ljupco.Kotevski@kb.com.mk.
Со почит,
Љупчо Котевски,директор
Прашање: Пошто моментално се наоѓам на привремена работа во странство (до 15.05.2008) што треба да направам да ги пренесам парите во вашата банка после моето доаѓање во Скопје на горенаведениот датум?
Одговор: Почитуван г-динe,
После вашето доаѓање во РМ на 15.05.2008, најпрво ќе треба да ја посетите Македонска банка која ќе ви издаде Документ-Потврда за исплата на вашето штедење, а потоа ќе ја посетите нашата банка во која со презентирање на таа потврда ќе го регулирате Заробеното штедење што се наоѓало во Македонска банка. За подетални информации можете да се јавите на
тел. 3183-050 Котевски Љупчо
Прашање: Живеам во Америка и испратив средства на моја сметка. Како можат моите да ги подигнат средствата а мајка ми е овластена на моја сметка а воедно банката ја бара мојата green card како доказ дека сум во USA, јас тоа не смеам да го испратам затоа што е државен документ ниту пак да ја скенирам и пратам по e-mail.
Одговор: Почитуван г-дин,
Според нашиот закон Резидент на РМ не смее да има сметка во странска банка освен во еден случај,а тоа е:
Кога лицето има работна или виза за престој на период подолг од 6 месеци.Бидејќи Вие испраќате “сам на себе“ од тоа може да се заклучи нели дека Вие имате сметка во странска банка,во ваков случај за да можат банките во РМ да го искнижат вашиот прилив на Вашата сметка,потребен ни е доказ /документ/ т.е.виза за да утврдиме на кој период ви е регулиран престојот во странство.Мене ме чуди фактот за вашиот став дека не смеете да ја испраќате green cartata,затоа што до сега сме имале вакави случаи како вашиот и до сега ниедна странка не не информирала за ваквата состојба по однос на green-card-ot.
Ako вие цврсто стоите на тој став тогаш,како решение предлагаме да контактирате со Вашата банка за да ја замолите да ги смени инструкциите за лицето корисник во налогот т.е.на место Вие да се наведе вашата мајка, а тие / банката/ ќе не известат за тоа,по што средствата ќе можеме да и ги дадеме на Вашата мајка.
Срдечен поздрав
Прашање: Ме интересира дали доколку имам пари во банка во странство може со ваша помош да бидат префрлени на моја сметка во Комерцијална банка. Мојот email e Ankica@yahoo.com. Го чекам вашиот одговор.
Одговор: Почитувана Анкица,
Во принцип може со наша помош да се префрлат пари од странство во нашата Банка, но за да се стори тоа потребни се некои неопходни предуслови, а тоа се:
- да имате отворено девизна сметка во нашата банка;
- да средствата што сакате да ги префрлите се на некоја ваша сметка во вашата банка;
- да ни дадете писмени инструкции за трансфер: т.е. ваше име и презиме, адреса, број на сметка или IBAN, но i името на вашата банка нејзиниот swift cod;
- не е лошо да ја прашате или бар да ја информирате вашата банка дека ќе повлекувате средства i
- што е најважно “документ“ со кој е регулиран вашиот престој во односната земја на период поголем од 6 месеци,за да можеме да ви ги искнижиме средствата на вашата сметка кај нас, затоа што според нашиот нашиот закон сеуште “резидент“ на РМ не смее да има сметка во странство ако нема регулиран престој во странство на период подолг од 6 месеци.
За подетални информации можете да се јавите на тел.+ + 389 2 3138-050
Со почит,
Deposits operation department
Ljupco Kotevski,menager
Прашање: Ве молиме да не информирате за условите за префрлување на пари од продадена куќа во Скопје. Парите треба да се префрлат од лицето (купувач на куќа) од Скопје во банковна сметка во Австралија на име на продавачот на куќата.
Посебно да ме информирате: 1.Дали постои ограничување на износот што може да се префрли во еден трансфер 2.Колку изнесува коштањето на Вашата услуга за испорака на парите 3. Каква документација е потребна од страна на испраќачот на пари (купувачот на куќа) да достави пред банката за да може да ја испрати целокупната сума во еден трансфер.
Ве молам да ми одговорите најдоцна до крајот на Декември 2007.
Ви ги честитаме предстојните Новогодишни и Божиќни празници.
Одговор: Почитувани,
Овие видови на трансфери припаѓаат во групата на посложени и затоа ни се потребни повеќе информации кои ќе морате да ни ги соопштите со јавување на тел.3138- 050, Котевски Љупчо.
Што се однесува до поставените прашања ситуацијата е следна:
Ограничување на износот не постои. Трошоците се 0,15% од износот плус 350,00 ден.за swift трошоци.Видот на документацијата зависи од повеќе работи како на пример дали продавачот во Австралија има Австралиски пасош или не.
Од оваа информација зависи понатамошното анагажирање од ваша и наша страна.
Затоа слободно да се јавите на тел.3138-050 Љупчо или 3107-336 Маја.
Прашање: Имам отворено девизна сметка кај вас па ќе ве молам да ми кажете како можам да ја проверам состојбата на интернет,а моментално сум во странство.Сметката е отворена на мојата жена Гордана Иваноска.
Ќе ве молам да ми одговорите.
Поздрав
Одговор: Почитувани,
Увид на девизна сметка преку интернет можете да направите само ако имате USER
NAME и PASSWORD.Доколку немате ќе треба да ни го испратите бројот на Вашата сметка
или Вашата сопруга ако е во Македонија да дојде во просториите на банката и да
и генерираме потребни податоци.Ако не е присутна во Македонија тогаш потребните
параметри Вам ќе ви ги соопштиме,но преку meil што представува малку ризична
работа.Ако се сложувате со ова,тогаш ќе Ве замолам да ни го испратите бројот
на Вашата сметка. За девизни штедни книшки немаме интернет пристап.За сите дополнителни
информации можете да се јавите на телефоните 3107- 186, 3107- 429, 3107-421 и
3107-336.
Прашање: Доколку орочам на шест месеци 126.000,00 денари, колку би ми била вкупната добиена сума по истекот на рокот?
Одговор: Каматата по шест месеци за износ од 126.000,00 денари ќе изнесува 4.295,50 денари.
Прашање: Заинтересиран сум за кредит, на плата од 14.500,00 денари. Колку би одобриле и на колку рати?
Одговор: Доколку земате плата на платежна картичка во Банката, со Вашата плата може да се аплицира за кредит од 235.000,00 денари на 66 месеци и рата од 4.821,00 денари.
Прашање: Ве молиме да ми одговорите колку побргу можете. Дали може да се замени чек кој е пратен од Америка, станува збор за американски чек во износ од 700 долари. Каде и како може да се замени, имам маестро и мастер кредитна картичка, дали може да ми прати депонентот пари и како да го направи тоа?
Со почит,
Ваш корисник.
Одговор: Почитувани,
Чек на USD 700,00 можеме само да го земеме на инкасо наплата, што значи дека средствата ќе Ви бидат ставени на располагање откако ќе бидеме одобрени од странската банка. Вообичаениот рок е 2-3 недели. Чекот треба да се предаде на наплата на било која благајна на банката. Надоместот за услугата е 1% од износот на чекот (доколку е чекот уреден и нема проблеми со наплатата).
Моја препорака за дозначување на пари од странство во Ваша корист е со дознака, предност е побрз трансфер на средствата и нема трошоци за Вас, односно приливот Ви го даваме на располагање без надомест за нашата банка ( може да има од странската банка).
На секоја благајна може да Ви изготват инструкции за добивање на средствата од странство.
За дополнителни информации Ви стоиме на располагање, посебно што приливите од странство подлежат на режимска контрола, согласно прописите од НБРМ.
Прашање: Кои документи ми се потребни за вадење на солвентност на една сметка?
Одговор: Во прашањето не е прецизирано за каква солвентност станува збор (за физичко или правно лице)па затоа се надеваме дека ќе бидете задоволни со нашиот одоговор.
Во врска со поставеното прашање кои документи се потребни за солвентност на правен субјект Ве информираме следното:
Комерцијална Банка АД Скопје како носител на платен промет на писмено барање доставено од страна на правниот субјект издава Извештај за состојбата на сметката на имателот на сметката/олвентност.
За таа намена Банката има изготвено образец од наведеното барање кое може да се подигне на шалтерот во Службата за отворање на сметки или на Интернет страната на Банката kb.com.mk во работење со трговски друштва-платен промет во земјата-преземете барања-барање бр.1 (повеќе наменско барање) под реден број 3.
Извештајот за солвентност се издава во Службата за отворање на сметки во моментот на поднесување на барањето, кое треба да заверено со печат и потпис од страна на овластеното лице за застапување.
Прашање: Дали е можно во вашата Банка, да се отвори нова жиро сметка во EUR, а не во ДЕН? Ако да, која е цената годишно?
Одговор: Почитувани,
Во нашата банка можете да отворите како ресидент две сметки, една во МКД и друга која е мултивалутна, и со неа можете да работите со сите валути кои се пропишани од страна на НБРМ, т.е. кои ги има на курсната листа на НБРМ.
За сите дополнителни прашања, Ви стоиме на располагање.
Прашање: Со правосилно решение од суд за прогласување наследник што друго треба за подигање пари од штедна книшка на починат штедач.
Одговор: Почитувани,
Судското решение за оставина треба да има печат за правосилност. Доколку е исполнет тој услов тогаш наследникот/ците сепак ќе треба да дојдат во Банката, Служба за штедење, за да се изврши техничка поделба на средствата.
Прашање: Ве молам да ми го кажете e-mailot на Секторот за човечки ресурси за да можам да го доставам моето CV до Вашата ценета банка.
Одговор: Почитувани,
Вашето CV можете да го пратите на следиот е-маил:
Desanka.Petkovska@kb.com.mk
Одговорно лице за прием на барања и CV во Човечки ресурси на Комерцијална банка АД Скопје.
Прашање: Дали имате брокер во филијала во Куманово?
Одговор: Во филијалите (и во Куманово) на Комерцијална банка АД Скопје нема организациона единца со брокери, но затоа има одговорни лица задолжени за давање на информации и собирање на потребната документација од заинтересираните клиенти, која потоа се доставува во Скопје, во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност, од каде и се реализираат сите барања на клиентите.
Прашање: Сакам да знам кој се смета за број на штедна книшка на кој се префрлаат средства?
Одговор: Бројот на книшката содржи група на броеви со следниот распоред:
02-3хх-ххххххх.х за девизни книшки или
02-1хх-ххххххх.х за денарски книшки
За подетални информации можете да се јавите на телeфон 3107-342, 3138-050.
Прашање: Зошто Вашата банка ги блокира сметките на мало стопанствениците поради радиодифузната мрежа, кое е тоа право и кој е тој закон?
Одговор: Согласно член 147 од Законот за радиодифузната дејност, ЈП МРТ врз основа на регистарот на обврзници на радиодифузната такса донесува решение за присилна наплата, кое има карактер на извршна исправа согласно со Законот за извршување. Во член 150 од истиот Закон уредено е дека во поглед на присилната наплата, се применуваат одредбите од Законот за извршување.
Согласно член 200 од Законот за извршување носителот на платен промет извршува Налози за извршување доставени од страна на извршителите и тоа од сметката на должникот назначена во Налогот за извршување.
Согласно член 17 од Законот за платен промет, доколку на сметката на правниот субјект-должник нема доволно средства за извршување на Налогот, носителот на платен промет ја блокира сметката и со доставување на даночниот број на должникот преку ЕРИС (Единствен регистар за иматели на сметки) ги исвестува сите други носители на платен промет дека не смеат да вршат плаќање од сметките на должникот до потполно извршување на Налогот за извршување.
Во врска со напред наведеното, Банката ја блокирала Вашата сметка во склад со позитивните законски прописи.
Прашање: Треба да извршиме наплата од нашата банка во Англија ( National Westminster Bank) на физичко лице со сметка во Вашата банка.
Ве молам да ме информирате за Вашиот број на сметка во NatWest со 8- цифрен број на сметка и 6-цифрен сортирачки код на банката ( Account Number & Sort Code) или пак кажете во која банка од NatWest e Вашата сметка, т.е. нивната адреса?
Откако ние ќе извршиме директен трансфер на Вашата сметка во NatWest, ќе ги назначиме името,презимето,адресата и бројот на сметката на Вашиот клиент како Beneficiary – дали ова ќе биде доволно за Вие да препознаете во која сметка да ги кредитирате средствата?
Во очекување на Ваш одговор, Ви благодарам.
Mimi Rogers
Одговор: Почитувана г-ѓо Rogers,
Нашиот број во Natwest не е потребен за вашиот трансфер на пари.
За успешен трансфер на средствата важно е, на Вашата банка каде што имате сметка да и ги презентирате податоците на корисникот на плаќањето т.е. име, презиме, адреса, acc.No или IBAN no…
Но ако Вашата банка инсистира да им ги кажете нашите кореспондентски банки тогаш во ред, а тие се: Barclay Bank PLC, London swift BARCGB22, или National Westminster Bank, PLC, London swift NWBKGB2L. Ако имате дополнителни прашања можете слободно да се јавите на mail адресата на contact@kb.com.mk.
Прашање: Треба да добијам хонорар во евра од една подорганизација на ОБСЕ од Полска на мојата девизна штедна книшка.Дали Комерцијална банка ќе ми земе провизија од сумата? Како што велат луѓето што ми ги префрлаат парите: „ Indeed, ODIHR ( ime na organizacijata) is not responsible for any taxes
(e.g .income tax) you should pay from the amount specified in the contract. Also, we can not be responsible for any commision charged by your bank for receiving money. We make sure that the amount we transfer to your account is equal to the amount listed in the contract.
За број на сметка дали треба тој што е напишан кај број на штедна сметка или со потемни бројки тој што е испечатен кај шифра на банката.Ми рекоа во вашата банка дека може и двата.
Одговор: Ние како банка немаме провизија за девизен прилив, но морам да Ве информирам дека кај ваквите трансфери постои провизија на странската банка и на нејзината кореспондентска банка.Би било добро да ги прашате одговорните во организацијата, а тие да ви одговорат за овој момент. Ние ќе ви прокнижиме на книшката онолку пари колку што ќе испратат тие.
Да, можете да дадете било кој од тие два броја.
Ако ви треба нешто дополнително Ве молиме да не контактирате на овој e-mail.
Прашање: Би сакал да купам од странство роба и кажано ми е дека тоа може да се направи преку трансфер на пари од банка во банка. Тоа е во ред, но доколку си ја купам робата и платам колку што треба, кои се плус трошоците кон Вашата банка или царината? Станува збор за купување соковник од 280 евра.
Одговор: За да извршите трансфер на пари за купување на одредена стока надвор од Македонија ќе треба да поседувате девизна сметка, на која треба да имате потребно количество на средства и да приложите одреден документ-фактура или профактура или друго од каде ќе се види што се купува, каде треба да се плати и колку. За таквите трансфери Банката наплатува провизија.
Прашањето за царинските трошоци ќе треба да го упатите во Царината или некоја шпедитерска куќа, која ќе Ве информира за царинските давачки.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со банкарскиот трансфер, можете да не контактирате повторно.
Прашање: Ве молам да овозможите електронско плаќање на придонеси и персонален данок од страна на физички лица на уплатница ПП50?
Одговор: Електронско плаќање на јавни услуги, трансфери на средства со ПП30 како и придонеси и персонален данок со образец ПП50 е овозможено на web страната на Банката за таа намена https://www.banka.com.mk
На насловната страна има линк кој води до документи потребни за користење на оваа услуга. Услов за користење на услугата е поседувањето на тековна сметка во Комерцијална банка АД Скопје. Потребно е пополнетото барање за користење на оваа услуга да се поднесе на било кој шалтер од тековни сметки и услугата ќе биде овозможена.
Прашање: Да проверите како работат Вашите колеги во Кратово уште трансакциите ги пишуваат со пенкало, услугата им е катастрофа не знаат да работат?
Одговор: Комерцијална банка АД Скопје нема експозитура во Кратово.
Прашање: Дали трошоците за американска виза може да ги платам во Косово? Доколку не може Ве молам да ме известите за Вашето работно време, локација и дали постои друга трансакциона форма за плаќање на трошоците?
Одговор: Во овој момент, единствениот начин за да ги платите трошоците за виза е да дојдете во нашата земја. Нашето работно време е 7:30 – 19:00 часот. Вие може да платите во сите филијали или во нашата Централа на ул.”Кеј Димитар Влахов” бр.4, тел: (02) 3 107-344; (02) 3 107-406.
Прашање: Кои се коресподентски банки за ЕУР?
Одговор: Коресподентски банки за ЕУР се:
1. EUR ACC.NO.0009709015
WITH LHB INTERNATIONALE HANDELSBANK F/M-LHBIDEFF
2. EUR ACC.NO.936 2302 10
WITH DEUTSCHE BANK A.G.FRANKFURT/MAIN 1-DEUTDEFF
3. EUR ACC.NO.8116299
WITH BAYERISCHE LANDESBANK GIROZENTRALE-HEAD OFFICE
MUENCHEN 2- BYLA DE MM
4. EUR ACC.NO.499/08080781/11/888
WITH DRESDNER BANK A.G. FRANKFURT/MAIN-DRES DE FF
5. USD ACC.NO.400 8768285 86
EUR ACC.NO.400 876828501/EUR
WITH COMMERZBANK A.G. FRANKFURT/MAIN 1- COBADEFF
6. EUR ACC.NO.68 124 301 WITH BAYERISCHE HYPO-UND
VEREINSBANK AG MUENCHEN - HYVEDEMM
Прашање:Ќе Ве замолам доколку може да ми наведете податоци за Вашата банка, функции и принципи на работа на Банката?
Одговор:Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Македонија, повеќе пати добитник на наградите од реномираните списанија The Banker и Global Finance што е потврда за нејзината успешност и доследност во почитувањето на основните банкарски принципи: сигурност, ликвидност и профитабилност.
Комерцијална банка е универзална банка со широк спектар на банкарски активности, почнувајќи од прибирање на депозити и кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и меѓународниот платен промет, па се до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од вредност, форфетирање и др.
Подетално за сите новини во работењето на Банката, како и за сите производи и услуги на Банката за физички и правни лица може да се информирате на нашата web страница www.kb.com.mk.
Прашање: Работам во САД и сакам да испратам пари во Македонија. Примателот има книшка во Комерцијална банка. Дали можам директно на книшка да префрлам пари и дали за таа услуга Комерцијална банка наплаќа провизија. Дали тамошниот примач може да уновчи личен чек од САД?
Одговор: Да можете да префрлите пари од САД на друго физичко лице во Македонија, под услов да лицето поседува девизна сметка или книшка, ако нема, може да отвори во сите наши експозитури низ градот и државата.
За пристигнатиот прилив не наплаќаме провизија.
Да, во нашата банка може да се уновчи чек, но процедурата е посложена и во зависност од тоа има дополнителни трошоци.
Наша препорака е, да ако сакате да испратите пари, тоа да го сторите преку банкарски трансфер.
Прашање:
- Дали може заробена девиза да се префрли во друга банка и колку посто во целост може да се извади девизата?
- Имаме кај Вас заробени штедни влогови. Дали може парите да се префрлат на друго лице и која е најдобрата варијанта да се извадат парите т.е. да се купи стан, автомобил. Доколку сакам да ги извадам сите пари колку посто зема банката? Ве молам да ми пратите одговор во најскоро време и дали може парите да се префрлат во друга банка?
Одговор: Заробеното штедење е регулирано со посебен закон, со кој е пропишано издавање на обврзници. Износот наведен во обврзниците, државата е во обврска да го врати во период од 10 години, два пати годишно. Вие имате две решенија за враќање на Вашите заробени средства. Прво, да почекате уште 4 години, кога завршува периодот на враќање. Второ, обврзниците што ги поседувате може да го продадете на Берза, чија цена во овој момент е околу 80% од нивната номинална вредност.
За да го остварите сето ова потребно е да го имате регулирано заробеното штедење, а за таа цел ќе биде потребно да се јавите во нашата служба за попрецизни информации. Нашите телефони се: 3107-336, 3107-342, 3107-186, и 3107-185.
Прашање: Моментално се наоѓам на работа во странство. Дали можам од странство да отворам конто и пензијата што ја примам од Македонија да оди на тоа конто бидејќи нема кој да ја прима?
Одговор: Отворање на денарска штедна книшка во отсуство (странство), може да се спроведе со писмено барање и депонирање на потпис на истото, заверено во дипломатско конзуларно претставништво или нотарско заверено и преведено на македонски јазик.
|