Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



19.04.2018 - Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)


Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. При тоа, на оној за кој сте направиле добро дело му давате картичка која тој понатаму ја дава на оној за кој ќе направи добро дело, така што таа картичка патува помеѓу луѓето со секое направено добро дело. Патот на картичката нема конкретна патека, ниту правила кога и каде треба да оди или да заврши. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

Со промоцијата на KomPay волонтерите и вработените во Комерцијална банка покажаа како на дело функционира „Продолжи понатаму“, па така волонтерите ѝ помогнаа на жена со дете да се справи со товарот кој го носеше во раце и ѝ дадоа картичка на која и таа ќе треба да ги одбележи своите добри дела и да ја даде понатаму. Одговорното лице во киното Cineplexx на волонтерите им подари пуканки и им даде картичка за продолжување на добрите дела. На овој начин вработените во Комерцијална банка АД Скопје започнаа една нова општествено одговорна иницијатива, која треба да прерасне во традиција.  

 

Подржувачите на движењето „Pay It Forward“ веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење.
 

 Pay it Forward






20.03.2019 - Известување


Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва објавен во Сл. весник на РСМ бр.248/2018, Комерцијална банка АД Скопје ги известува сите ополномоштени лица кои се овластени од повеќе од еден акционер да учествуваат во работата на претстојното Собрание на Банката, за дадените полномошна да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РСМ најдоцна пет работни дена пред одржување на Собранието односно најдоцна до 27.03.2019 година. При известувањето, ополномоштените лица да го користат образецот за известување од полномошник на собрание на акционери, објавен на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност на РСМ.


13.03.2019 - Комерцијална банка со сопствен систем за производство на електрична енергија


Поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори и водена од својата општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје со гордост го претставува сопствениот систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

 

Платформата со фотоволтаични панели е поставена на кровот на деловниот објект КБ-2 во центарот на Скопје. Се состои од 81 панел со моќност од 300 W по панел и два струјни инвертора поврзани со напојувањето на зградата. На овој начин  дел од потребната електрична енергија Комерцијална банка АД Скопје ја обезбедува од сопствени извори, а остатокот го надополнува од електричната мрежа. Целокупната произведена електрична енергија се употребува за потребите на деловниот објект.

 

Системот е пуштен во функција во декември 2018 година. Во убав сончев ден произведува повеќе од 100 kWh електрична енергија дневно. Благодарение на оваа инвестиција, Комерцијална банка АД Скопје за три месеци спречи во атмосферата да се емитуваат речиси два тона СО2,  кои би биле испуштени доколку ова количество електрична енергија било произведено во термоцентрала со согорување на јаглен.

 

Ова е придонес и дел од напорите на Комерцијална банка АД Скопје за намалување на загадувањето во Скопје.
 
Paneli



07.03.2019 - Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Одделение за платен промет во земјата и работа со население, Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Кочани, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 16.03.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Кочани”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 3-168-412.

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




07.03.2019-Комерцијална банка - Генерален спонзор на Струмичкиот карневал


Повеќе од една деценија Комерцијална банка АД Скопје е Генерален спонзор на манифестацијата „Струмички карневал“ која  традиционално се одржува во рамки на „Тримерските празнувања“ (празникот на армасаните девојки).

 

Струмичкиот карневал од страна на списанието Arabian travel е прогласен за еден од 20-те врвни улични карневали во светот, а нашето Министерство за економија го прогласи за најдобра туристичка манифестација. 

 

Секоја година манифестацијата „Струмички карневал“ привлекува над триесет илјади посетители од земјава и од странство.   

 

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 9 март 2019 година и во неа ќе  учествуваат над 2.500 маскирани лица во поворка.




26.02.2019 - Оглас за вработување


Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување стручен соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Одделение за платен промет во земјата и работа со население,  во Филијала Гостивар, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Најмалку три години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Предност ќе имаат кандидати со искуство во банкарски и финансиски институции.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 30.731,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 07.03.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Гостивар”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.


26.02.2019 - Оглас за вработување


Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување на помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население во Одделение за платен промет во земјата и работа со население, за Филијала Гостивар, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 07.03.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Гостивар”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.





А Р Х И В А