Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



12.06.2018 – Градиме навики за чиста средина


Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад. 

 

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

 

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.
 
Чиста средина
 
Чиста средина





20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.


06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.




06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3






А Р Х И В А