Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



15.02.2019 - Оглас за вработување


Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство во Комерцијална банка АД Скопје, 2 (двајца) извршители на неопределено време.

 

Потребни квалификации и способности:

 

  • Завршен Економски факултет  ВС VII/1 или најмалку 180 (ЕКТС) кредити,
  • Најмалку 3 години работно искуство
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Познавање на финансиска анализа на нефинансиски правни лица,
  • Познавање од оценка на инвестициони проекти и кредитнтно портофолио,
  • Познавање на управување со кредитно досие (барање, кредитна анализа, препорака со предлог одлука за одобрување/неодобрување на барањето) и комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие
  • Компетенции (комуникациски вештини, аналитички и статистички вештини, приоретизирање и организирање во работата, остварување на резултати и квалитет, тимска работа).

 

Предност ќе имаат вработени во банкарски институции.

 

Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 33.000,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 24.02.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство“.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел.: 02/3168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.






20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.


06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.




06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3






А Р Х И В А