Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



21.02.2019 - Барање понуди на локации за поставување банкомати (АТМ)


Почитувани, Ве известуваме дека Kомерцијална банка АД Скопје е заинтересирана за поставување банкомати (АТМ) на следните локации:

 

  • Во Скопје: Сопиште, Скопје Север, Пржино или Црниче, Јурумлери, Ново Лисиче и Центар – околу потегот ЗОО, Градски парк, Фонтана, Дебар Маало.
  • Низ Републиката: во Струга, Кичево, Прилеп (с.Лажани и с.Кривогаштани), Струмица, Кавадарци (Росоман), Виница и Дебар.

 

Трошоците за целосна монтажа и инсталација на АТМ банкоматите ќе бидат од средства на Банката.

 

Сите заинтересирани физички и правни лица, кои поседуваат простор на овие подрачја, што се наоѓа на атрактивна и фреквентна локација (Централно лоцирана), со правни субјекти во опкружувањето, со пристапност и паркинг до просторот 24/7/365 дена во годината, како и приклучок за електрична енергија, се замолуваат да достават Понуди на е-mail адресата на Банката на contact@kb.com.mk, со приложување на следната документација:

 

  • Имотен лист за сопственост на просторот;
  • Потврда за отворена сметка во Комерцијална банка АД Скопје (поради плаќање на закупнината);
  • Фотографии од понудениот простор;
  • Месечен износ на закупнината во нето-износ (со вклучен трошок за потрошена електрична енергија од банкоматот); 
  • Согласност за склучување 5 (пет)-годишен договор за закуп;
  • Контакт лице, адреса,телефон и е-mail за комуникација.

 

*Пожелно е понудениот простор да има сопствен видео мониторинг (надзор).

 

Напомена:  Банката нема обврска да ја прифати доставената Понуда.






20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.


06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.




06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3






А Р Х И В А