Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



07.03.2019 - Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Одделение за платен промет во земјата и работа со население, Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Кочани, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 16.03.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Кочани”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 3-168-412.

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.






20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.


06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.




06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3






А Р Х И В А