Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



13.03.2019 - Комерцијална банка со сопствен систем за производство на електрична енергија


Поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори и водена од својата општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје со гордост го претставува сопствениот систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

 

Платформата со фотоволтаични панели е поставена на кровот на деловниот објект КБ-2 во центарот на Скопје. Се состои од 81 панел со моќност од 300 W по панел и два струјни инвертора поврзани со напојувањето на зградата. На овој начин  дел од потребната електрична енергија Комерцијална банка АД Скопје ја обезбедува од сопствени извори, а остатокот го надополнува од електричната мрежа. Целокупната произведена електрична енергија се употребува за потребите на деловниот објект.

 

Системот е пуштен во функција во декември 2018 година. Во убав сончев ден произведува повеќе од 100 kWh електрична енергија дневно. Благодарение на оваа инвестиција, Комерцијална банка АД Скопје за три месеци спречи во атмосферата да се емитуваат речиси два тона СО2,  кои би биле испуштени доколку ова количество електрична енергија било произведено во термоцентрала со согорување на јаглен.

 

Ова е придонес и дел од напорите на Комерцијална банка АД Скопје за намалување на загадувањето во Скопје.
 
Paneli





20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.


06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.




06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3






А Р Х И В А