Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



09.04.2019 – Известување за пријавена лажна наградна игра


Во врска со неодамнешниот обид за манипулирање на јавноста преку лажна страница и наградна игра на Facebook, ја известуваме јавноста дека, со оглед дека е злоупотребено името на Комерцијална банка АД Скопје, Банката го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи.

 

Сепак, Банката нема ингеренции да пријавува за други злоупотребени субјекти, ниту има ингеренции да спроведува приватни истраги. Доколку експлицитно сте ги споделиле Вашите лични податоци и имате објективни сомневања дека истите можат да бидат предмет на злоупотреба, Пријавата треба официјално да ја упатите до Дирекцијата за заштита на лични податоци и до Министерството за внатрешни работи.

 

Повторно нагласуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со лажната наградна игра, во моментов не организира наградна игра преку Facebook и во блиска иднина нема да организира таква наградна игра.

 

Ве советуваме да бидете исклучително внимателни со Вашите лични податоци, особено додека сте на Интернет. Комерцијална банка АД Скопје никогаш нема да побара да споделите лични и други податоци од доверлив карактер (матични броеви, адреси, ПИН кодови, лозинки, броеви на сметки, картички и сл.) преку социјалните мрежи.

 

Комерцијална банка се оградува од сите лажни страници и профили на социјалните мрежи кои неовластено го користат нејзиното име. Доколу сакате редовно да се информирате за сите новитети и да поставувате прашања, Ве упатуваме да ги следите официјалните страници на Комерцијална банка АД Скопје на следните социјални мрежи:

 

 






22.04.2019 – „Финансиска училница“ во реализација на Комерцијална банка АД Скопје


Со цел да им помогне на младите поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да почнат да градат здрави финансиски навики, Комерцијална банка АД Скопје го иницираше проектот „Финансиска училница“, кој е дел од стратегијата на Банката за општествена одговорност. Вработени на Банката веќе ги посетија средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“ во Скопје, каде еден училишен час беше претворен во „Финансиска училница“.

На учениците од трета и четврта година им беа презентирани основните карактеристики на финансиските производи, нивната практична примена и, секако, потенцијалните ризици од нивното користење. Целта на „Финансиската училница“ е да се запознаат младите со тоа како функционира текот на парите, зошто е важно да имаат сметка во банка, што значи штедењето за нивната финансиска независност, зошто треба да водат грижа за личните финансии и да имаат добар кредитен имиџ, дали кон платежната картичка треба да се однесуваат како кон обична пластика и какви предности нуди електронското банкарство.

Водени од девизата дека финансиската писменост е клучна за заштита на младите во моментот кога ќе станат корисници на финансиски услуги, вработени од Комерцијална банка АД Скопје во текот на годинава ќе одржат „Финансиска училница“ во уште 10 средни училишта во Скопје. Во втората фаза од реализацијата на проектот ќе бидат посетени и средни училишта од другите градови во земјава.

„Финансиската училница“ ги едуцира младите за да им помогне да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот бидејќи финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, иако многумина не веруваат во тоа.
 
finansiska ucilnica
 
finansiska ucilnica1
 
finansiska ucilnica2



17.4.2019 - Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири


Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20 април во Македонската Филхармонија.

 

На концертот, насловен „Златко Ориѓански@Бени Шакири со пријателите“, ќе биде изведувана музика од албумите „Добро утро госпоѓо“ и „Македонско девојче“.

 

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат културниот живот во земјава.




16.4.2019 - НАЈПОВОЛЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА СИТЕ ВАШИ ЖЕЛБИ!


Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години.

Во промотивниот период од 16.04.2019 до 15.06.2019, рокот на отплата на кредитот е до 120 месеци. Повеќе информации за кредитот се достапни на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2339&lang=1&uc=1

Почнувајќи од 16.04.2019 година, Банката нуди и нови атрактивни каматни стапки за станбен кредит со ЕУР клаузула по избор на клиентот. Повеќе околу условите за кредитот на следниот линк: https://www.kb.com.mk/default.aspx?sel=2361&lang=1&uc=1




11.04.2019 - Комерцијална банка втора година по ред Генерален покровител на наградата „Роман на годината“


Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, која вчера ја прими писателката Николина Андова-Шопова за нејзиното дело „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“.

Наградата во Културно информативниот центар (КИЦ) ја додели Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Ова престижно признание 18 години го доделуваше „Утрински весник“, а по згаснувањето на весникот во 2017 година, изминативе две години го доделува Фондацијата.

За наградата одлучуваше жири комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател и минатогодишен лауреат), Богомил Ѓузел, поетот и академик, писателите Елизабета Баковска и Александар Прокопиев и новинарката Катерина Богоева, претставничка на Фондацијата.

„„Некој бил тука“ е роман што се чита брзо и лесно, но истовремено е и приказна што не е ниту површна, ниту плитка. Тој е исклучително зрел и убедлив, тежок и емотивно напорен текст за читателот. Се работи за една долготрајна и мачна себеотуѓеност, која низ необична и нималку наивна игра, со и во просторот, резултира во едно неопходно и неизбежно себесретнување“, стои во одлуката на жирито.




10.04.2019 – Комерцијална банка со донација за проектот „Урбана градина во Ресен“


Комерцијална банка со задоволство учествуваше на донаторскиот настан Social Marketplace организиран од AmCham Macedonia, кој имаше за цел да ги запознае општествено одговорните компании со одбрани невладини организации и три нивни проекти посветени на одредена важна сфера во општеството. Претставени беа извонредни проекти, за кои присутните компании несебично донираа и ги обезбедија потребните финансиски средства за нивна реализација.Комерцијална банка својата поддршка ја даде за проектот „Урбана градина во Ресен“ на Здружението за рурален развој „Локална акциона група Преспа“, преку кој 40 социјално загрозени лица со лесна телесна попреченост од Преспа ќе бидат обучени за одгледување земјоделски култури на органски начин, креирање вертикални градини, рециклирање органски отпад итн. На овој начин Банката го поддржа концептот на социјално претпријатие во кое работно ќе бидат ангажирани маргинализирани лица, а истовремено го промовира и практикувањето на одржливо земјоделство.
 
donacija



10.04.2019 - Комерцијална банка АД Скопје се придружи на светското движење „Pay it Forward“


Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Вработени на Комерцијална банка АД Скопје на хепенингот на 14 април во Градскиот парк кај Школка со свои добри дела ќе го поддржат ова големо хуманитарно движење затоа што веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење. 

 

Дружењето ќе биде побогато и со настанот на Аутизам МК/Autism Awareness MK со кој се заокружува месец април како месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба која е различна, а сепак слична.

 

Pay It Forward! Продолжи понатаму!

 

KB_fb_post_pay_it_forward



09.04.2019 - СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА


Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 07 мај  2019 година ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година

 

Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на  19 април 2019 година.

 

Исплатата на дивиденда за 2018 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Банката или во друга банка.

 

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка АД Скопје, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата за 2018 година на физичките лица ќе ја врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и пресметаниот данок по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

 

Е-ППД системот не прифаќа неточни и нецелосни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија. 

 

Средствата од дивидендата за 2018 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на сметките на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата од дивидендата за 2018 година преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената сметка. Затоа ги повикуваме сите акционери кои немаат сметка во Комерцијална банка АД Скопје да отворат сметка во Банката или да дадат овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Оваа постапка акционерите можат да ја направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје .

 

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход,  пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2018 година, a исплатена во 2019 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата. Доколку некои од акционерите не ja добијат пресметката поради технички причини (промена на адреса и слично), истaта ќе може да ја подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје.

 

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  3168 311, 3168 310 и 3168 312




08.04.2019 – Соопштение за лажна страница и наградна игра на Facebook


Во текот на изминатиот викенд се појави лажна Facebook страница со име „Komercijalna Banka AD – Skopje“, која на нечесен начин се обиде да прибере лични податоци од некои корисници на оваа социјална мрежа. Лажната страница е веднаш пријавена и е отстранета.

 

Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook. Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на Интернет.

 

Поради тежината на ова дело, Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи.


04.04.2019 - С о о п ш т е н и е


Денес, 04.04.2019 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

 

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.

 

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2018 година.




03.04.2019 - Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на награди


Комерцијална банка АД Скопје како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност со задоволство објавува дека на 20-та Годишна конференција на Македонската Берза е добитник на следнава награда и признание:

 

  1. „Кристално Ѕвоно“ за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза во 2018 година;
  2. Плакета за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2018 година.

 

kristalno zvono
 
plaketa



29.03.2019 - Програма за поддршка на конкурентноста на МСП (WeB-SME-CSP), финансирана од Европската Унија и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), нуди бесплатна техничка поддршка и стимулации


Во хотелот Холидеј Ин во Скопје на 29 март 2019 година беше одбележан официјалниот почеток на Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија. Програмата е развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а финансиски е поддржана и од ЕУ. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош.
Комерцијална банка АД Скопје е една од банките во земјава која во соработка со ЕБОР и ЕУ - ИПА Фондови нуди линија за унапредување на конкурентноста на малите и средните компаниите.

 

 







А Р Х И В А